Колеџот Isle of Wight и КСД ТСОО Колеџот во Мтата, Јужна Африка, откако освоија Награда за Подготовка на Грантови за Стекнување Вештини за Вработување го отпочнаа нашето меѓународно партнерство за вештини во август 2016 година. За малку повеќе од една година, веќе гледаме неверојатно влијание. Преку воведување на нови студиски програми, имаме ученици кои се свесни за своето глобално опкружување и се зајакнати односите во заедницата. 

Воведување на меѓународна соработка

За да го олесниме партнерството и да се навикнеме на меѓусебните начини на работа, создадовме воведен проект за учениците од бизнис смерот од двата колеџи.

Студентите при Колеџот Isle of Wight кои учат со цел да се стекнат со диплома по бизнис на трето ниво, направија проект по маркетинг којшто вклучуваше развој на производ и подготвување прашалник за истражување на пазарот. Учениците од бизнис смерот во Мтата, исто така, за нивните британски врсници дизајнираа прашалник за истражување на пазарот,  промовирајќи ги локалните рачно изработени производи. Учениците потоа ги разменија своите идеи преку Skype.

Овој вовед во меѓународна соработка беше совршен начин да започнеме со спроведување на нашата меѓународна стратегија со што нашите ученици ќе станат свесни за своето опкружување. Учениците по бизнис од двата колеџи имаа можност да запознаат нови култури и да научат за нови потенцијални пазари. Тие, исто така, добија можност виртуелно да се запознаат и соработуваат со нивните врсници.

Подобрување на наставата и учењето 

Откако го посетија Колеџот Isle of Wight и се запознаа со студентите и приправниците и беа обучени за учење на база на потребите на пазарот на трудот во Велика Британија, нашите партнери од Колеџот КСД ТСОО работат на воведување на нови студиски програми за усогласување на нивната наставна програма со онаа во Обединетото Кралство. За учениците веќе е воведен еднодневен курс за дигитален маркетинг. Колеџот исто така е во процес на оспособување на библиотеката во ресурсен центар за учење, користејќи сличен модел како оној од Колеџот Isle of Wight.

Зајакнување на односите

Преку дисеминација на активностите и постигнатите успеси, двете страни ги зајакнуваат односите со заедниците, надвор од  средината на колеџот. 

Колеџот КСД ТСОО ги информира заедниците во Јужна Африка за нивното партнерство и нивната работа преку посети, состаноци и виртуелната проектна платформа. Тие соработуваат со различни организации, вклучувајќи училишта, цркви, бизниси (како дел од програмите кои се фокусираат на учење преку работа и преку работа на работното место), окрузи и локални општини и традиционални лидери. 

На колеџот Isle of Wight, ги споделивме елементите на нашето партнерство со Асоцијацијата на Колеџи (АОК) и Ofsted преку прикази околу нашиот колеџ. Овие прикази ни помагаат да ја споделиме нашата работа со пошироката заедница за време на отворените денови. Исто така, направивме леток кој ги промовира нашите партнерски активности на локалната бизнис заедница за настаните организирани од Solent Local Enterprise Partnership.

Вредноста на меѓународните партнерства

Меѓународните партнерства ги гледаме како клучен начин за подготвување на учениците за живот и работа на глобално ниво, без разлика на тоа дали станува збор за меѓународна трговија, кариера којашто вклучува контакт со различни култури, или само пошироко разбирање за животот во еден глобализиран свет. И двата партнери во иднина планираат да го прошират ова партнерство преку проширување на наставните планови и програми и преку истражување на повеќе можности за размена на добрите практики. 

Најдобри совети за успешно меѓународно партнерство:

  • oсигурајте се дека сите партнери се целосно посветени на функционирањето на партнерството и дека тие ќе одвојат доволно време и ресурси за спроведување на планираните активности и постигнување на посакуваната цел 
  • бидете флексибилни – целите може да се променат и неочекуваните резултати можат да се постигнат при процесот на запознавање помеѓу партнерите, со што работната динамика ќе се менува со текот на времето
  • почнете полека – не бидете премногу амбициозни во раната фаза на партнерството
  • побарајте целосна поддршка од управата и пробајте да вклучите постојана група на персонал, со што ќе ја одржите стекнатата  доверба помеѓу партнерите.

Дознајте повеќе за меѓународните вештини за партнерство на веб-страницата на Колеџот Isle of Wight.