Настаните за поврзување на претприемачи се одличен начин за промоција на самовработување на студентите. Тие се најуспешни кога студентите имаат прилика да комуницираат и добијат совети од претприемачи, бизниси и агенции за поддршка од локалната заедница.

Нашиот прв настан за поврзување на претприемачи „Еntrepreneur Network@CITY“ на Колеџот во Глазгов, беше одличен пример за поврзување на студентите со пошироката претприемачка заедница. Ова се нашите совети за сите колеџи и институции кои планираат да организираат ваков настан.

Дајте им прилика на студентите да остварат контакти со претприемачката заедница

Од самиот почеток беше јасно дека ако се поканат претприемачи, експерти за бизнис и агенции за поддршка од различни области, би се зголемил интересот на студентите.

Во центарот на настанот се наоѓаше „Enterprise Village“, давајќи им прилика на студентите да се запознаат со претставници на агенции за поддршка на бизниси и да им постават прашања. Меѓу нив беа претставници на „Scottish Women in Business“, „Bridge 2 Business“, „Business Gateway“ и „The Prince’s Trust“.

Поканивме доста реномирани претприемачи од локалната заедница, како и поранешни студенти кои сега имаат свој бизнис. Тие беа спремни да одговорат на прашањата и да споделат искуства за започнувањето на бизнис.

Многу од овие соработници споделија знаење и совети на неформални семинари. Најактуелни беа оние собири предводени од сопственици на бизнис кои говореа за своите почетнички искуства и идни планови за развој.

Преку настанот студентите се здобија со витални информации и пристап до мрежа за поддршка, кои се од големо значење за оние кои размислуваат за својата иднина.

Вклучете ги студентите и поранешните ученици во планирањето и организацијата на настанот

Entrepreneur Network@CITY беше организиран на барање на студентите, и затоа беше логично и тие да се инволвираат во планирањето и организирањето на настанот.

Ги поканивме студентите по „Менаџмент на настани“ на колеџот да се вклучат и да ја предводат организацијата на настанот. Нивна должност беше да ги поздрават надворешните соработници, да организираат средби и да одговорат на општите барања.

Студентите беа задолжени да пренесуваат делови од случувањата во живо на социјалните мрежи, кои потоа беа прикажани на екрани низ целиот колеџ.

Нашите поранешни студенти беа исто така многу корисен ресурс во текот на планирањето и организирањето на настанот. Нашиот однос со нив се основа на взаемно разбирање и тие се секогаш добредојдени да го посетат колеџот и да споделат знаење и информации. Нашите поранешни студенти знаат дека колеџот ќе ги поддржи во нивната кариера и бизнис, секогаш кога ќе има прилика.

Покрај тоа што присуствуваа на настанот за да споделат знаење и искуство со студентите, нашите поранешни ученици се поврзаа и со локални бизниси и организации од разни области кои ги поддржуваат нашите цели. Овие соработници беа повикани за да им помогнат на студентите со насоки за понатамошното образование, и да ги советуваат како да го искористат тоа знаење во бизнис околина.

Дајте значење

За да се зголеми значењето на настанот за учесниците и соработниците, го организиравме во тој временски период за да се софпадне со Глобална недела на претприемништво и Денот на интернационално женско претприемништво. Тие ни помогнаа во промоцијата и да обезбедиме присуство на одредени претставници од претприемничката аедница.

Првичната идеја за тематиката на настанот беше да ги охрабриме жените и девојките да почнат да размислуваат за вработување во областа на технологијата и инженерството, како дел од нашата работа да се намали полова нееднаквост. За да привлечеме поширока публика, ја разгранивме тематиката вклучувајќи ги сите студенти кои се заинтересирани за самовработување, без оглед на секторот или професионалниот интерес.

Искоритете ги постоечките партнерства

Зацврснувањето на постоечките надворешни врски  со важни организации и контакти од областа на индустријата е идеален начин за добивање поддршка за еден настан за поврзување на претприемачи, како за промоција така и за барање соработници.

Нашиот колеџ има долгогодишна соработка со претставници од областа на индустријата и комерцијата, која се развива преку годините, нудејќи взаемна корис меѓу партнерите и студентите. Овие врски беа многу корисен ресурс при планирањето и промовирањето на настанот.

Наместо да бараме финансиско спонзорство, побаравме од надворешните организации да помогнат со присуство на нивен претставник кој ќе даде совети, ќе разговара со студентите кои бараат дополнителна поддршка, и да помогнат со промоцијата преку нивните маркетинг канали.

Зголемување на активноста на настанот

Како резултат од успехот на настанот, организиравме Катче за Претпријатие и Иновација на нашиот кампус за да се зголеми подготвеноста за работа и бизнис на нашите студенти.

Катчето фунционира паралелно со нашите стандардни совети и поддршка во кариерата. Секој студент, без оглед на неговата стручна специјализација, има пристап до него и до мрежата за поддршка, кои вклучуваат гостин предавач како и редовен консултант  од „Bridge 2 Business“ (овозможено од „Young Enterprise Scotland“)

Ова е само еден дел од нашата работа за поддршка на претприемништво и претпријатие на нашиот колеџ, и вклучува натпревар за претприемнички предизвик како и можност за пракса во локалните бизниси.

Дополнителни страници