Последниот дел од серијата на добри примери за практики на Европската тренинг фондација (ЕТФ) се однесува на програма која им помага на идните претприемачи од универзитетите и колеџите во Белфаст да започнат свој бизнис.

Во 2009 година, Градскиот совет на Белфаст ја започна програмата „Академија за претприемништво во Белфаст“ (Belfast Enterprise Academy) за да се сумира ниската бројка на нови старт-ап бизниси и високиот процент на неуспешни претпријатија во областа. Пред осум години, програмата резултираше со започнување на 83 старт-ап бизниси предводени од студенти, и бројката се уште се зголемува.

Програмата „Академија за претприемништво во Белфаст“ им дава можност на студентите да се здобијат со вештини како креативно размислување, бизнис експертиза, презентација и тимска работа, кои им се потребни за да ги реализираат своите идеи за претпријатија. Со оваа програма која е отворена за студенти од универзитети и колеџи во Белфаст, секоја година се избираат 30 перспективни претпримачи преку онлајн процес на аплицирање.

Избраните учесници добиваат практичен тренинг за претприемништво и бизнис вештини, како и поддршка за бизнис и можности за соработка. Во средината на програмата се наоѓа катче за бизнис заедницата и мрежа за поддршка кое ги спојува учесниците, едукаторите, менторите и поранешните ученици.

Програмата е доволно флексибилна за да не им попречува на студентите во нивните студии. Започнува со дводневен интензивен бизнис предизвик, и продолжува низ годината со посета на претпријатија, работилници, обуки и менторства, како и нетворкинг настани.

Се става фокус на учење од ситуации и бизнис опкружувања од реалниот живот. Курсот за маркетинг, на пример, се одржува во креативно дизајнерско студио, давајќи им на студентите прилика да учат директно од дизајнерите и стручните лица за маркетинг.

Посетата на претпријатија е клучен дел од програмара, при што студентите добиваат директна поддршка во областа која им е потребна, од брендирање, маркетинг и финансии, до детални совети од искусни претприемачи или владини агенции за поддршка.

По завршувањето на програмата, учесниците се квалификуваат за акредитација преку Open College Network. 

Клучни фактори за успех

  • фокусираност: таргетирање на студенти кои имаат идеја за бизнис и се одлучни да започнат свој сопствен бзинис
  • флексибилност: распоред кој се прилагодува на расположливото време на студентите
  • разновидност: вклучува различни начини на учење, вклучувајќи интензивни курсеви, посети, работилници, менторство и нетворкинг
  • персонализација: директна поддршка (еден на еден) за задоволување на специфичните потреби на учесниците
  • практичност: учењето се одвива во различни опкружувања, надвор од традиционалната околина за тренинг, вклучувајќи ги и претпријатијата
  • поврзаност: цели кон создавање на бизнис заедница и мрежа за поддршка, вклучувајќи ги и онлајн ресурсите
  • релевантност: се базира на консултација со агенции за поддршка на бизнис, провајдери на едукација и учесници од претходни страт-ап програми.

Дополнителни страници