Иако термините „претпријатие“ и „претприемништво“ најчесто се користат како синоними, има голема разлика меѓу нив, особено во контекст на техничкото и стручно образование и обука (ТСОО).

Претприемничките активности, на којшто се фокусираат многу провајдери на ТСОО , им овозможуваат на студентите да развијат меѓучовечки вештини како лидeрство, мотивација, критичко размислување, решавање на проблеми, тимбилдинг, комуникациски и презентациски вештини. Претприемништвото прави чекор напред со тоа што ги охрабрува студентите да ги истражат можностите за самовработување со отворање на нови претпријатија. Се става акцент на развој на бизни идеи, смисол за бизнис и способност за развој на производи, истражување на пазар, финансии и планирање како и овозможување на пристап до пред-инкубациски услуги и бизнис мрежи.While the terms ‘enterprise’ and ‘entrepreneurship’ are often used interchangeably, there is a distinct difference between them, especially within the context of technical, vocational education and training (TVET).

На „Северно Регионалниот Колеџ“, во Северна Ирска започнавме меѓународно партнерство за ТСОО со колеџи од Шпанија, Португалија и Финска за да пронајдеме нов пристап со кој бизнис образоването ќе го направиме повеќе претприемачко. Област на која се фокусиравме? Бизнис планот.

Изработката на бизнис планот е клучно мерило за успех на повеќето програми на агенциите кои поддржуваат старт-ап бизниси. За привлекување на капитални инвестиции, бизнис планот останува, со право или не, мерка за прептриемачката посветеност на краткорочната и среднорочната иднина на бизнисот.

Иако повеќето колеџи за ТСОО настојувајќи да развијат претпримачко размислување и акција кај студентите, ја нагласуваат важноста на бизис планот, докажано е дека бизнис планот е најмалку популарен и со тоа, најмалку користен од страна ТСОО студентите.

Нов пристап кон бизнис планирањето

Како одговор на тоа, нашето Ерасмус+ партнерство, „Претпријатието е ВИТАЛНО“, лансира нов модел за бизнис планирање кој ќе користи јазик познат на студентите од ТСОО. Овој пристап се фокусира на петте основни претприемачки карактеристики: Визија, Иновација, Тимска работа, Достигнување и Лидерство.

Овој модел е адаптација на интернационалниот бестселер „Победа од внатре“ од ЕА Фокс (2013), каде се нагласуваат четирите основни карактеристки кои треба да се осознаат и развијат за успех.

Интересно е тоа што овие карактеристики се поврзуваат со стандардната структура на бизнис план:

  • Мечтател: визија, иновација, креативност, фантазирање, размислување за иднината, создавање на идеи
  • Мислител: истражување, база на податоци-факти, анализа на ризик (прифатлива загуба), истражување на пазарот
  • Воин: изведба, задачи, листа на обврски, рокови, цели, пресврти, планови
  • Љубовник: луѓе, врски, мрежи, комуникација, контакти, клиенти.

Со фокусирање на овие зборови со кои се опишуваат емоции, студентите од ТСОО можат полесно да ги разберат критичките способности потребни за започнување на нов предизвик. Терминот Љубовник поттикнува позитивна реакција, посочувајќи ја важноста на развивање на долготраен взаемен однос. Терминот Мислител ја нагласува важноста на времето одвоено за собирање и анализа на податоци во рамките на распоредот. Воинот е повик за акција. Мечтателот поттикнува креативни решенија на проблемите.

Студентите од ТСОО многу брзо го разбраа и се адаптираа на овој модел. Ги охрабри да се впуштат во енергична дебата и да ги дискутираат нивните идеи преку проекти базирани на проблеми. Сето ова придонесе до развој на бизнис планот без при тоа да се користи терминот бизнис план.

Како неочекуван резултат се појави желбата на предавачи од други студии да се ангажираат во претприемачките студиски програми. Ова се должи на фактот што новиот пристап им помогна на вработените да го сфатат процесот на бизнис планирање.

Покрај јазична и дигитална подготвеност, ЕУ потврдува дека разни карактеристики како чувство за иницијатива и претприемништво, учење за знаење, културна свест, и социјална и граѓанска одговорност се потребни да ги мотивираат поединците на поголема флексибилност и мобилност, и со тоа, да одговорат на потребите на модерната економија (Key Competences for Lifelong Learning, 2006). Содржината на секоја претприемачка програма мора да соодветствува на нивото и опфатот на кои се однесуваат овие вештини.

Уште во првата година на „Претpијатието е ВИТАЛНО“, нашите студенти целосно ги прифатија овие вештини. Работејќи во мешани интернационални тимови, развија бизнис идеи и пазарни понуди за време на натпреварот за планирање на бизнис во Шпанија, основан на овој визуелен модел.

Судиите, составени од локални бизнис лидери, претприемачи и независни старт-ап експерти од Шпанија и Обединетото Кралство, ги пофалија студентите за нивната јасна визија, разбирање на пазарот и потребите на клиентите, реалните финансиски предвидувања и остварливи постапки. Им честитаа на студентите за препознавањето на сопствените слабости како и идејата за изградба на својот општествен капитал за кој судиите велат дека е ретко вклучен во замислата за претпријатие. Што повеќе може да се побара од еден успешен бизнис план?

За да дознаете повеќе за „Претпријатието е ВИТАЛНО“, контактирајте го Ирвин Абрахам од „Северно Регионалниот Колеџ“ на irvine.abraham@nrc.ac.uk

Ирвин е еден од  Докторите за вештини во нашето издание Претпријатие и Претприемништво во VEE. Погледнете ја неговата автобиографија и дозајте како тука да поставите прашање.