Ги претставуваме нашите Доктори за вештини во есенското издание од Vocational Education Exchange - експерти во областа на претпријатијата и претприемништвото подготвени да одговорат на поставените прашања и да дадат совети во овој клучен дел од стручното обучување. 

Доколку би сакале да доставите прашања до еден од нашите Доктори за вештини, пратете меил на VEE@britishcouncil.org до 23 октомври, притоа специфирајќи од кој Доктор за вештини сакате да добиете одговор. 

Биографиите подолу ќе ви помогнат да одлучите кој од нашите Доктори за вештини е вашиот најдобар избор. 

Одговорите ќе бидат објавени во нашите ноемвриски и декемвриски изданија*.

Ирвин Абрахам, Менаџер на интернационалниот „Северно Регионален Колеџ“, Северна Ирска, Обединето Кралство

Со 40 годишно искуство во секторот за техничко и стручно образование и обука (ТСОО), Ирвин има разновидна кариера, од обука на авиомеханичари, тренер, проценител, надворешен верификатор, учител, консултант, тренинг менаџер и менаџер за развој на бизнис. Моментално е одговорен за интернационалниот оддел при „Северно Регионалниот Колеџ“.

Визијата на Ирвин е да ги збогати животите на вработените и студенти од ТСОО и смета дека проектите базирани на проучување на проблеми се со меѓународна димензија.

Брајан МекЕван, Програм менаџер, Млади Претпријатија Шкотска

Брајан работи за да ги инспирира, поврзе и поддржи студентите од универзитетите и колеџите со бизнис. Тој е одговорен за овозможување на претприемачки активности за учење во рамките на повисоко образование преку програмите Bridge 2 Business и Start Up. Воедно, тој е основач на Мрежата на Едукатори на Терцијални Претпријатија.

Како поранешен учител, Брајан управува со тим кој работи низ Шкотска, чија цел е ангажирање и поддршка на активности кои овозможуваат кај младите развој на способности за започнување на сопствен бизнис и претставување на самовработувањето како реална и остварлива опција по образованието.

Работејќи на развој на бизнис пред неговата улога во образование, Брајан исто така цели кон подобрување на образованието поврзано со продажба на колеџите и универзитетите, како и зголемување на свеста кај младите претриемачи за потребата за практичната трговија, продажба и можноста за интеркација со потрошувачите.

Антони Грибен, Виш експерт во претприемачко учење, Европска Тренинг Фондација

Антони Грибен е Виш експерт за претприемачко учење во Европската Тренинг Фондација-специјална агенција на ЕУ која промовира развој на работната сила во соседните региони на ЕУ. Тој има преку 35 години искуство во образование, тренинг и реформи на пазарот на труд, на ниво на политика и остварување (локални, национални и интернационални нивоа). Пишува блогови во врска со претприемништво.

*Ве молиме имајте во предвид: зависно од бројот на прашања кои ги добиваме, можно е да не се одговорат сите од страна на експертите.