Тековните глобални трендови за вработување на младите сигнализираат тешка иднина за денешната младина. Според Целите на одржливиот развој на ОН, околу 75 милиони млади луѓе низ целиот свет се моментално невработени, додека до 2030 година треба да се создадат 470 милиони нови работни места за да се одржи растечката глобална работна сила. 

Прашањето што ни го поставувале како деца – „што сакаш да бидеш кога ќе пораснеш?“ – наскоро може многу лесно да се замени со: „како ќе најдеш работа кога ќе пораснеш?“. 

Стекнување на правите вештини за вработување

Во рамките на „Научи го човекот да лови риби“, невладина организација со седиште во Велика Британија, се обидуваме да го промениме текот на невработеноста кај младите луѓе со тоа што ќе им овозможиме на учениците да ги стекнат вештините што им се потребни, со цел тие не само да ги пополнат слободните работните места, туку и да создаваат нови.

Нашите програми ги поддржуваат училиштата низ целиот свет да започнат бизниси предводени од учениците, кои им овозможуваат на учениците да се стекнат со суштинските вештини на 21 век, додека истовремено генерираат средства за поддршка на училиштата. Во 2016 година, нашите компании кои беа предводени од ученици остварија нето приход од 780 долари. Но, можеби што е уште поважно, ваквите компании ги запознаа учениците со можностите за различните начини на вработување, како што е претприемништвото. 

Нашата програма за Натпревар за Училишните Претпријатија им нуди на училиштата модел за тоа како да планираат, да започнат и да развијат бизнис предводен од ученици. Моделот е прилагодлив и доволно флексибилен за да се употребува во било која земја и за секој бизнис, од расадник во Нигерија до банкарска соработка во Перу. Преку бесплатни водичи и обуки коишто се обезбедени преку програмата, наставниците можат да ги водат нивните ученици да основаат бизниси/компании кои одговараат на нивната возраст и нивните интереси, како и на локалните ресурси и економии. 

Што можат бизнисите предводени од ученици да им понудат на самите ученици 

Иако ниеден бизнис предводен од уче ницитене е ист, сите тие на учениците им даваат можност да ги развијат вештините коишто им се потребни да успеат во работата и животот. Подолу се наброени пет клучни вештини што учениците може да ги стекнат како учесници во еден ваков бизнис:

Тимска работа

Во бизнисите предводени од ученици, учесниците преземаат различни улоги и одговорности. Учениците кои имаат лидерска позиција учат како да го мотивираат својот тим. Други учат како да соработуваат со нивните врсници надвор од нивните одделенија или групи на пријатели со цел да создадат силен тим. Тимската работа, исто така, значи да се донесуваат одлуки како група и да се користат способностите на сите учесници за надминување на предизвиците. 

Комуникација

Преку соработување со локалните клиенти до давање на бизнис идеи, учениците претприемачи учат како да комуницираат професионално и самоуверено. Учениците учат како да го истражуваат пазарот и како да ги подобрат своите маркетиншки вештини за ефикасно да стигнат до нивната целна публика. Некои од нив исто така се обврзани да го презентираат својот бизнис пред панел од наставници и дури можат да имаат можност да го изложат својот бизнис на меѓународни конференции. 

Решавање на проблеми

Бизнисите предводени од ученици ги охрабруваат учесниците да размислуваат критички и да ја употребуваат својата креативност кога се соочуваат со предизвици. Способноста критички да размислуваат им помага на учениците да пристапат кон нови информации или кон проблемите поврзани со бизнисите со полна самодоверба. Учениците, исто така, учат како да ги претворат предизвиците во поволни прилики за да ги направат своите бизниси посилни.

Поставување цели 

Учениците учат како да постават и постигнат цели предвидени во нивните бизнис планови и да го гледаат успехот како патешествие, а не како крајна игра. Учејќи како да ги менаџираат и постигнат своите бизнис цели, тие можат да го прошират нивниот став кон сопствениот живот, семејствата и пошироката заедница.  Некои ученици дури и основаат свои бизниси, подобрувајќи го својот живот и нудат можности за вработување на други. 

Финансиска свест

Буџетирање, банкарство и математичка писменост: сите неопходни вештини, без оглед на тоа дали сте во светот на бизнисот или не. Бизнисите предводени од ученици им даваат на учениците вистински контекст за нивните академски студии и им помагаат на наставниците да ги направат своите предавања релевантни надвор од училниците. 

Бизниси предводени од ученици во пракса

Кога Шаром беше ученик на Мекеј Меморијалниот Колеџ во Уганда, тој беше раководител на проект за училиштен бизнис кој го започнал за време на Натпреварот за Училишните Претпријатија. Тоа го предизвикало интересот на Шаром за претприемништвото и го мотивирало да основа свој бизнис со живина. „Учеството во Натпреварот за Училишните Претпријатија ме опреми со практични вештини, како и со маркетиншки, сметководствени и вештини за планирање кои беа неопходни за создавање на сопствен бизнис“, вели Шаром. Денес, тој ја користи својата добивка да го издржува своето семејство и да вработи уште едно лице. Тој, исто така, сè уште помага во Мекеј, менторирјаќи ги учениците во училишниот бизнис за живина.

Добрата Земја, еко-пријателски занаетчиски бизнис предводен од учениците од Шухтрам Школата во Индија, е добитник на наградата Натпревар за Училишни Претпријатија за 2016 година. Во победничкиот финален бизнис-извештај, тимот опиша како тие научиле нови вештини за лидерство и тимска работа. Јути, кој размислува да студира бизнис и е ученик во 12-то одделение вели: „Никогаш не сум размислувал дека сум толку талентиран за продажба“. 

Дополнителни страници