Поддржани од Британскиот Совет и Канцеларијата на Комисијата за Стручно Образование (ККСО) при Министерството за Образование на Тајланд,  групација на колеџи од Велс Grŵp Llandrillo Menai разви нов наставен план и програма за претприемништвото во склоп на стручното образование во Тајланд за 2016 година. Во моментов ги тестираме новиот наставен план и програма на тајландските колеџи. 

Преку соработка со уште два колеџи од Обединетото Кралство, Југоисточниот Регионален Колеџ од Северна Ирска и Хертфорширскиот Регионален Колеџ од Англија, нудиме менторска поддршка на тајландските колеџи при спроведување на новата програма. Преку овој процес, градиме стабилни партнерства помеѓу британските и тајландските институции. 

Почетен показател за успехот на проектот, воедено и надежен знак за иден успех, е нашето достигнување на Националните награди за прептприемништво во Глазгов во Септември, каде што добивме награда во категоријата Образовен тим за претпријатија. Наградата се однесува на „ тим кој овозможува изнонредно образование за прептријатија и претприемачи во и надвор од наставната програма“.

Во срцето на проектот

Нашите тајландски партнери настојуваа да ја зајакнат тајландската економија преку креирање на мали бизниси и унапредување на претприемачките способности и размислување, се со цел да ги задоволат потребите на пазарот на труд на мали и средни претпријатија.

Како поддршка на ова, креиравме проект кој има за крајна цел:

  • развој на едукативна програма која ќе ја формира основата за интегрирање на претприемачко образование во тајландското стручно образование и наставна програма.
  • креирање и потпомагање на професионални развојни активности за наставници и (старт-ап) менаџери на инкубатори кои работат на колеџи низ Тајланд.
  • давање на препораки за поширока примена.

Како реализираме

Проектот се фокусира на неколку клучни активности:

  • истражување на областа заедно со тајландските стејкхолдери вклучувајќи ги креаторите на политики, претприемачи, интуитивни лидери и едукатори, успешни стартапи и ученици од стручното образование.
  • евиденција и мапирање на постоечки претприемнички програми акредитирани од Обединетите Нации наспроти приоритетите на тајландската влада.
  • развој на следното ниво од наставната програма за претприемништво, составено од три модули Начин на размилсување, Мотивација, Бизнис Планирање и Модели.
  • работилници за учење на активностите со цел да се осигура соодветност/ погодност со клучните тајландски едукатори за претприемништво.
  • креирање и потпомагање на четиридневна програма за развој за 30 едукатори низ Тајланд
  • обезбедување менторска поддршка на пет тајландски колеџи со цел да се креираат виско квалитетни наставни материјали и развој на партнерства.

За време на програмата, откривме неколку клучни области за работа, како би информирале за нашата работа:

  • мулти-перспективна консултација - да се привлечат акционерите на креативен начин за да се обезбедат различни извори на информации.
  • робустен пристап: систематско лоцирање на приоритетните тајландски политики во споредба со 51 акредитирана програма од Велика Британија и насоките за контрола на квалитет.
  • соработка - да се договори новата наставна програма на стратешко и практикантско ниво, обезбедувајќи погодна содржина, структура и пристап за реализација.
  • стручен развој на бизнис едукаторите - работилници и менторство на база на истражување како и меѓународно признаени лидери, воведување на иновативни методи за учење.

Развој на нови едукативни теми во областа на претпријатијата и претприемништвото

Преку нашата програма, прилагодивме клучни едукативни теми од областа на претпријатијата и претприемништвото, за стручна и едукативна обука од UK QAA Водичот во Тајланд. Тие сега се прифатени од ККСО како дел од политиката на тајландската влада да го поддржи претприемништвото кај учениците и студентите.

Темите се:

  • креативност
  • препознавање и развој на можност/ можности
  • демонстрирање на донесување на одлуки
  • развој на идеи преку тимска работа
  • размислување
  • меѓучовечки односи.

Развој на нова наставна програма за претприемништво

Покрај ова, развивме интегрирана наставна програма која овозможува признавање и акредитација на претприемачкиот начин на размислување и мотивација при учење (која порано не постоеше), притоа зголемувајќи ја вредноста на воведените практики во образованието за бизнис планирање.

Нови соработки

Воспоставивме меѓусекторска соработка на повеќе нивоа, помеѓу партнерските проекти во Велика Британија и Тајланд. Се разви формална институциска кооперација помеѓу вишото образование во Велика Британија и колеџите за стручното образование и обука во Тајланд. Колеџите во Тајланд овозможуваат еднаква поддршка на новите мрежи во земјите, додека колеџите од Велика Британија соработуваат со консултантски организации од трет сектор за да овозможат сигурна и квалитетна поддршка на партнерските колеџи од Тајланд.

Нашето влијание досега

Досегашната евалуацијата на проектите ни посочи на значајно влијание, вклучувајќи:

  • Промени во водичот за тајландски политики - ККСО усвојува шест нови основи за стручно образование и обука, овозможувајќи рамка за стабилен и одржлив пристап до претприемничкото образование.
  • Развој на вработените: 30 предавачи учествуваа во професионална програма за развој преку која се здобија со знаење и практични алатки за поддршка на претприемачкиот развој на учениците; учесниците покажаа зголемена самодоверба при ангажирањето и помагањето на нивните студенти и колеги да го прифатат бизнис планот на нивната институција, додека тимови на учители, менаџери на инкубаторски центри и директори од пет одбрани колеџи имаа корист од дополнителната менторска поддршка.
  • Промена на наставната програма: новата наставна програма во моментов се тестира на пет колеџи.
  • Институционална обврзаност: директорите од сите пет колеџи се обврзаа да ја поддржат имплементацијата на нови наставни програми и развој на партнерство.

За проект партнерите од Обидинетото Кралство, имавме корист од зајакнатиот интернационален профил, ново и посилно партнерство како и подобрен развој на вработените. Како интернационален проект, ефектите од проширените хоризонти, пристапот кон работаta на друга култура, градење на нови тимови и поттикнување на развој на експертиза во претприемачкото образование, им помогнаа на нашите ученици.

Идни цели

Нашите планови се да продолжиме со менторска поддршка на партнерските колеџи од Тајланд. Предвидуваме дека овие колеџи ќе станат регинални шампиони кои ќе поддржат други институции во промоција на нови наставни програми и зајакнување на нивните претприемачки активности.

Во тек се дискусиите за поддршка на заедничка награда и понатамошни гаранции за квалитет и континуирани активности за професионален развој.

За да дознаете повеќе за нашиот проект, ве молиме контактирајте некој од членовите на тимот: