Овој месец во „Vocational Education Exchange“ разговараме за теми поврзани со соработката со работодавачите и споделуваме мислења за тоа зошто нивното вклучување во образовниот процес може да биде од полза за сите вклучени страни.

Вклучување на работодавачите? Тоа ни е во крвта.

Колеџот „Ершер“ има големо искуство во вклучувањето на работодавачите: зацртани се јасни цели за студентите и за заедницата, се применуваат иновативни и наградувани пристапи и постои доследна комуникација со работодавачите. Еве на кој начин го постигнуваат тоа и, уште поважно, зошто.

Студија на случај: Градење односи со работодавачите

Колеџот „Coleg y Cymoedd“ се наоѓа во Велс. Благодарение на својот ентузијазам и посветеност, вклучувањето на работодавачите резултираше со создавање на многу партнерства со работодавачите во регионот, како и со обезбедување на неколку инвестиции од суштинска важност.

Преку пракса до усовршување

„Младите луѓе го завршуваат образованието без најважните вештини за вработливост и без општа свест за тоа како функционира светот на бизнисот“. Доника Бериша од Британскиот совет ни ја опишува актуелната состојба во секторот на вештини на Косово.