Градскиот колеџ во Лидс (Leeds City College) сподели со нас неколку брзи совети за ефективно ангажирање и вклучување на работодавачите. Овие насоки можеби не се толку едноставни да се реализираат и унапредувањето на комуникацијата и партнерството со работодавачите е работа која ќе бара време, но тие истовремено се само некои од многуте фундаментални основи од кои секоја институција може да има корист ако ги интегрира во своите стратегии за соработка:

  1. Направете стратегија за вклучување на работодавачите со која ќе бидат запознаени сите во колеџот и засегнатите страни, и во која се промовираат соработката, иновациите и здружувањето.
  2. Воведете и обучете вработени за ефикасно користење на системот за управување со односи со клиенти.
  3. Направете мапа или план во кој ќе бидат дефинирани улогите и задачите предвидени за вклучување на работодавачите на ниво на целиот колеџ, вклучувајќи ги тука и засегнатите страни.
  4. Помагајте им на компаниите да ги разберат структурите и обврските за стажирање и со тоа да им понудите готово решение на бизнисите.
  5. Организирајте настани, работилници, часови за пренесување на знаење, обезбедете учество и од други лица, споделувајте ги најдобрите искуства и поканете учесници/ говорници од бизнис заедницата.
  6. Изгответе прецизно таргетирани кампањи и знајте која ви е целната публика – немојте да се обидувате да бидете сè и да бидете сите – прилагодете ги своите активности на потребите и интересите на работодавачите.
  7. Користете го јазикот кој го користат работодавачите и направете истражување за да покажете дека ја познавате дејноста во која работат. 
  8. Додадете и нешто свое, лично. Не користете готови шаблони или претходно напишани е-маил пораки, и прилагодете ја комуникацијата со работодавачот.
  9. Секогаш обидувајте се да воспоставите однос и да ги изградите тие односи со поединци, знајте со кого соработувате, како физичко лице и како лице на таа функција.
  10. Бидете постојано во комуникација со работодавачите, покажете интерес во нивната работа и истовремено информирајте ги што се случува кај вас.
  11. Промовирајте и испорачувајте производи и услуги кои се релевантни и кои истовремено ги задоволуваат актуелните и идни потреби на дејноста и на секторот.
  12. Имајте слух за тоа кои се точните индивидуални потреби за развој на вработените во фирмата на работодавачот и другите развојни потреби, и соработувајте во насока на изнаоѓање реалистични решенија кои ги задоволуваат нивните барања.
  13. Помагајте им на работодавачите во правењето на сеопфатна анализа за потребите од обука или за потребите на организација. Овозможете точни и најнови совети и насоки во однос на потребните вештини и, кога е соодветно, посочете им на работодавачите од каде би можеле да добијат дополнителна поддршка или обука.
  14. Обезбедете дека она што го нудите е од флексибилна природа и дека, секогаш кога тоа е можно, вашата понуда може да се реализира и во просториите на работодавачот и тоа на начин кој го сведува на минимум нарушувањето на секојдневното работење во просториите на фирмата.
  15. Охрабрете го работодавачот да ги вклучи и своите вработени кога ги идентификуваме развојните и потребите од обука на неговата работна сила. Ова не само што е добра пракса, туку исто така прави и лицето кое учи да се чувствува дека е корисно, и може да им помогне да ја видат инвестицијата која работодавачот ја прави во нив, преку преквалификација или надградување на вештините.
  16. Целосна поддршка на обучувачите и менторите со цел ефикасна и соодветна реализација на планираното.
  17. Побарајте повратен одговор и евалуација на крајот од соработката со работодавачот. На кој начин сме ги задоволиле вашите потреби? Дали обуката ги исполнила вашите потреби? Како би можеле уште повеќе да ја подобриме?
  18. Одржувајте ги односите со работодавачите – бидете во комуникација, поканете ги на настани за бизнис вмрежување организирани од ваша страна, постојано информирајте ги за нови проекти или услуги кои можете да ги понудите за да создадете можности за фирмите.

Кои се вашите совети за вклучување на работодавачите? Кажете ни за тоа на социјалните медиуми со користеше на хаштагот #VEexchange 

Следниот месец повторно ќе имаме гостување од Градскиот колеџ во Лидс во кое ќе се развие темата за вклучување на работодавачите, со посебен акцент на  нивната позиција во рамките на пазарот на вештини и на кој начин тие ги обезбедуваат потребните вештини за да влијаат позитивно на економијата во регионот.