Секој месец ќе се запознаваме со размислувања на наставници, предавачи и многу други лица вклучени во стручното образование и обука во Западен Балкан, од кои ќе дознаеме повеќе за предизвиците со кои се соочува регионот.

Живееме во време во кое сè е компјутеризирано, па поради тоа, мојот најголем предизвик е да ми биде дадена можност да учествувам на обука во фирма во која ќе можам да се стекнам со практично знаење, кое ќе одговара на теоретското знаење, за да можам понатаму моето знаење да го пренесам на моите ученици. Исто така, треба да се воспостави и комуникација и соработка со универзитетите за да можеме да споделуваме искуства кои ќе бидат од корист за сите нас. И конечно, стручните лица во областа треба да нудат чести обуки за најновите технолошки процеси наменети за наставниците во средното стручно образование. 

- Билјана Бајрактарова, професор по хемија во средното стручно училиште „Димитар Влахов“ од Струмица, Македонија 

Мојот најголем предизвик се училниците и лабораториите кои треба да се модернизираат, особено оние во стручните училишта. На таков начин, наставниците ќе можат практично да им ја покажат на учениците опремата која во моментов се користи, а учениците ќе имаат можност поуспешно да ги извршуваат дадените задачи и полесно да ја совладаат материјата која се учи.

- Љубица Спасова, професор по земјоделство и ветерина во средното стручно училиште „Димитар Влахов“ од Струмица, Македонија

Во наредните месеци очекуваме да слушнеме размислувања од други наставници од целиот Западен Балкан, со што ќе имаме подобра претстава за предизвиците кои постојат во решавање на проблемот со невработеноста на младите и да помогнеме во развивањето дискусија околу можните решенија во стручното образование. Кажете ни и вие што мислите!