Дали сметате дека работата на вашето училиште или колеџ треба да биде препознаена и наградена? Дали работите со наставници кои постојано ја унапредуваат својата работа и напредуваат? Дали вашите ученици уживаат во учењето? 

Секој месец ќе ја истакнеме работата на едно стручно училиште или колеџ во нашиот нов сегмент: Награда за училиште или колеџ на месецот. Победничките институции ќе имаат можност да го споделат своето искуство и ќе бидат меѓународно препознаени од страна на наставници, лидери и носители на одлуки.

Испратете ни три реченици зошто вашето училиште или колеџ треба да победи. Дали ги поттикнувате учениците? Дали наставниците добро работат во тимови? Дали учениците меѓусебно си помагаат?

Пријавите може да ги испрати управата на училиштето или колеџот, наставниците, учениците или нивните родители.

Доколку мислите дека вашето училиште треба да ја освои наградата за училиште на месецот, контактирајте нѐ на VEE@britishcouncil.org и кажете ни зошто.