Научете малку повеќе за техничките термини кои се користат во ова издание.

Експериментално истражување

Истражувањето кое го водат практичари во образовен контекст е форма на континуирано професионално усовршување кое се базира околу прашања, кои кога ќе бидат одговорени, придонесуваат кон подобрување на работата на практичарот. Истражувањето првично вклучува наставници кои идентификуваат некој елемент од нивната пракса или од учењето на учениците на кој тие сакаат да работат. Потоа следува разјаснување од педагошките теории како поткрепа, кои се користат во формулирање на прашањата за истражувањето. Наставникот потоа одговара на тие прашања преку собирање и анализирање на податоци кои го покажуваат влијанието на одреден пристап (на пр. податоци за работата на нивните ученици кога ќе им се предава на одреден начин). Одговорите понатаму служат да дадат податоци за нивната професионална пракса и може да се споделат со другите наставници.

Коучинг

Односот еден-на-еден помеѓу обучувачот и неговиот ученик, кој ја подобрува професионалната работа на ученикот. Пренесените информации од страна на обучувачот треба да одговараат на способноста и напредокот на ученикот. Фокусот е насочен кон подготвување на учениците да донесуваат сопствени одлуки и да ги развиваат своите способности да расудуваат врз основа на сопствените професионални стандарди.

Заедница на учење

Група професионалци кои имаат заеднички цели и кои редовно комуницираат за нивното учење и си даваат поддршка при целите на учење.

Континуирано професионално усовршување (КПУ)

Активностите за учење и обука кои ги користат професионалците постојано да ја унапредуваат својата работа и да бидат во тек со најновите практики. Наставниците и обучувачите од стручните училишта можеби сакаат да го надградат сопственото знаење за добрите практики во подучувањето и за нивната индустрија или пак нивното стручното знаење и вештини. 

Развивање на заеднички пракси

Форма на континуирано професионално усовршување во кое, наместо знаење или добри практики кои се пренесуваат од стручното лице на ученикот, двајца или повеќе наставници или колеџи соработуваат со цел да научат едни од други и да имаат заемна корист. Оваа соработка обично се фокусира на интеракција со цел да се развие нов приод и често е поткрепен со експериментално истражување.

Менторство

Односот еден-на-еден помеѓу поискусен ментор и помалку искусен ученик. Улогата на менторот е да му даде поддршка и да го насочи ученикот преку совети и смерници за неговото стручно усовршување, добробит и интегрирање во културата на институцијата и професијата. 

Педагошки приоди

Различни приоди во подучувањето кои се базираат на различни теории за човечкото спознавање, развој, однесување и совладување на вештини, кои се прилагодени на потребите на учениците и склоноста на наставникот.

Педагогија

Теорија и пракса за подучувањето. Педагогијата се однесува на теоријата и праксата на подучување на децата. Андрагогијата е теоријата и праксата при подучување на возрасните. 

Доколку сметате сека овој сегмент е корисен, ве молиме испратете ни е-порака на VEE@britishcouncil.org.