Училиштето за бизниз од Нови Сад им помага на учениците да се стекнат со професионални и практични вештини, како и академско и теоретско знаење.

За тоа пишува Александра Вујко.

Културните, економските и општествените промени креираат потреба за поинакви пристапи кон образованието. Глобализацијата, која ја зголемува меѓународната меѓусебна зависност, креирањето нови знаења и застареноста на старото знаење, значи дека и наставниците и учениците мора да бидат подготвени за промени и нови можности.

Кога мислиме за зборот образование, често мислиме на формалното образование кое се одвива во основните и средните училишта. Сепак, ова не е единствената форма на образование. Постојат многу примери на неформално образование. Тие може да вклучат различни програми за различни професии, обучување на нов персонал, учење преку кариерен развој за постоечкиот персонал, или пошироко, образование на популацијата преку јавни кампањи.

Во споредба со експлицитното знаење кое ни помага да „знаеме што“, преќутното знаење ни помага да разбереме „како“. Преќутното знаење е нешто што не можеме да го научиме со читање книги; тоа се здобива при соочување со вистински проблеми и практики, се врзува со искуства, идеали, интуиција, вредности, креативно размислување, чувства, вештини и ставови. Ваквото знаење во образованието може да биде критички влез во процесот на иновации.

Со цел да им овозможат на учениците практично знаење, Новосадското Бизнис училиште нуди алтернативен тип на работа на интегрирано искуство на учење во различни успешни компании и корпорации.

Ова училиште повикува и експерти од владата, индустријата, пазарот, туризмот и хотелиерството со цел да ги споделат искуствата со учениците.

Од голема важност е унапредувањето на академско-индустриските партнерства со што се овозможува вклучување на студентите во професионалната работа, во поттикнувањето на наставниот кадар да спроведува истражување, да издава трудови и да учествува во различни видови проекти. Училиштето го прифати овој модел со цел да помогне во креирањето врски и интеракција помеѓу наставниците, учениците, организациите учеснички и пошироката локална заедница. Идејата беше да се подготват учениците за сите аспекти од работата и да им се овозможи практично знаење на наставниците и професорите.

Оценувањето на квалитетот на образованието е од особена важност во процесот на овозможување на студентите да се стекнат со практични вештини. Оценувањето не само што мора да ги мери ефектите од учењето на индивидуални студенти, туку и бројноста на искуствата на студентите кои се дефинирани во еден значаен систем на „индикатори на работа“. Може да биде тешко да се мерат последиците од образованието бидејќи многу од излезните резултати може да се видат подоцна во професионалните и општествените активности на веќе бившите студенти. Сепак, ова е уште една причина повеќе поради која треба да се мери квалитетот на образованието. 

Доколку сакате да дадете коментар на овој напис, испратете порака на VEE@britishcouncil.org и вклучете се во дебатата. Доколку сакате да испратите ваш напис, дознајте како тука.