Ако сакате да го подобрите квалитетот на вашето подучување, но не знаете на кои области да се фокусирате, или не знаете што од вас се бара на меѓународно ниво, овој ресурс може да ви помогне.

Фондацијата за образование и обука објавува професионални стандарди за наставници и обучувачи во Англија.

Стандардите поставуваат јасни очекувања на ефективни практики во образованието и обуката. Тие им овозможуваат на наставниците, обучувачите и другите практичари да ги идентификуваат областите соодветни за сопственото професионално усовршување. Овие стандарди може да се користат при поддршка во раното образование на наставниците и да дадат национална референтна точка која може да ја користат организациите и да го поддржат усовршувањето на својот персонал.

Во 2014 год. стандардите за подучување ги подготвија наставници и обучувачи со цел да развијат професионални практики кои ќе ги вклучат и мотивираат практичарите. Тие истовремено имаа за цел и да го поддржат усовршувањето на висококвалификуваните наставници и обучувачи.

Стандардите се расчленуваат на три клучни делови: професионални вредности и атрибути; професионално знаење и разбирање; и професионални вештини.

Прво, да го погледнеме делот за вредностите и атрибутите. Наставниците и обучувачите постојано треба да се навраќаат на она што за нив е успешно, но и да се стремат кон подобрување на нивниот однос и постојано професионално да се усовршуваат преку повратните информации што го добиваат од своите колеги. Тие треба да ги инспирираат и мотивираат учениците преку своите иновации, креативноста и страста кон предметот кој го предаваат, а истовремено да промовираат инклузивност и почит кон различностите. Треба да работат и со своите колеги со што ќе го надградуваат сопственото знаење.

Вториот од трите делови од стандардите е професионалното знаење и разбирање. Овој дел опфаќа како наставниците треба да го одржат и надградат сопственото знаење преку истражување и да го применат разбирањето на теоретските практики во средината на учење. Во кратки црти, овој дел изложува како наставниците треба да го користат разбирањето за да го одржат и да го промовираат позитивното однесување кон учењето, додека ги оценуваат своите практики со други со цел да го оценат нивното влијание. На крај, овој дел во детали објаснува дека наставниците треба темелно да ги разберат својата улога и одговорности.

Третиот и последен дел од стандардите опфаќа професионални вештини. Наставниците треба да планираат и да реализираат ефективни наставни програми кои ги задоволуваат потребите на секој ученик, мотивирајќи ги да го постигнат бараното, но и да напреднат, истовремено градејќи безбедна и инклузивна средина на учење. Наставниците треба да им овозможат на учениците да ја споделат одговорноста за сопственото учење и да ги вклучат во методите на фер оценување. Тие треба да ги промовираат придобивките од користењето на технологијата и да им дадат поддршка на учениците во учењето на англискиот јазик и математиката. Наставниците треба да соработуваат меѓу себе, но и со работодавачите со цел да го надградат стручното знаење и експертиза.

Се надеваме дека ова ви беше корисен вовед во Професионалните стандарди за подучување од 2014 година. За повеќе информации, посетете ја веб-страницата www.etfoundation.co.uk. 

Пристап до целосните ресурси за професионалните стандарди на англиски имате тука.

Доколку сакате да дадете коментар на овој напис, испратете порака на VEE@britishcouncil.org и вклучете се во дебатата. Доколку сакате да испратите ваш напис, дознајте како тука.