Добре дојдовте во декемвриското издание на Vocational Education Exchange

Како што се ближиме кон крајот на 2016 и ја очекуваме новата година, сметаме дека ова би било фантастична можност да се осврнеме наназад: да се потсетиме и да ја пофалиме годината што измина.

Овој месец ќе се осврнеме на достигнувањата на списанието. Но, уште поважно, ќе ги истакнеме достигнувањата на нашите читатели и нивните ученици. Ова издание содржи студии на случај, насоки и најдобри совети што ќе ви помогнат вам и на вашите ученици да се осврнете на вашата работа и истовремено да ја подобрите. И, како што ќе видиме, има со што да се пофалиме!

10 причини за е-портфолија за подобри резултати на учениците

Во е-портфолијата на дигитален начин се чуваат напредокот, повратните информации и достигнувањата на учениците, но зошто тие ги подобруваат резултатите на учениците? Направивме топ десет листа за да  одговориме на ова прашање.