Во изданието минатиот месец објавивме најдобри совети што објаснуваат како дигиталната технологија може да го подобри подучувањето и учењето. Овој месец, се фокусираме на длабокото размислување и успесите.

Колеџот од Глазгов успешно отпочна да ги користи е-портфолијата, во кои дигитално се внесуваат информации за напредокот на ученикот, повратните информации и достигнувањата. Инспирирани од ова, ви нудиме топ десет причини зошто користењето на е-портфолијата може да ги подобри повратните информации, длабоко размислување и успесите постигнати од работата на учениците. 

Поттикнување на длабоко размислување: 

  • Вклученост низ тек на времето - употребата на е-портфолио за чување на информации важни за учењето им помага на студентите да го следат нивниот личен развој низ тек на времето. Колеџот од Глазгов утврди дека е-портфолијата им овозможуваат на студентите да се навратат на минатите задачи и да учат од сопствените грешки. Студентите се охрабрени да ја согледаат континуираната природа на нивното учење. 
  • Богата слика за учењето - користењето на е-портфолио може да им помогне на студентите да изградат богата и детална слика за сопственото учење. Писмените задачи можат да се чуваат во е-портфолиото, но треба целосно да се искористи нивниот дигитален потенцијал. Видео и аудио записите, но и фотографиите, можат да им помогнат на студентите да ја документираат покомплетната слика за нивното искуство во стручното образование. 
  • Се поставуваат специфични прашања - студентите може да се поттикнат длабоко да размислат за учењето преку поставување на прашања. Вградете го ова во е-портфолиото. Може од студентите да побарате детално да објаснат за практичните активности што ги направиле, за квалитетот и точноста на нивната раобта, методите и формативните задачи; нивните размислувања за процесот на учење
  • Повратните информации стануваат достапни - чувањето на повратните информации на едно место им овозможува на студентите да се осврнат на нив кога ќе бидат подготвени за тоа. Меѓу другото, дигиталните повратни информации потешко се губат отколку оние на хартија. Користењето на е-портфолијата на колеџот Глазгов им овоможи на студентите од поблиску да ги разгледаат коментарите и идеите на нивните наставници. 

Подобрување на повратните информаици: 

  • Следење на развојот на студентите - е-портфолијата им овозможуваат на наставниците да го следат учењето на студентите низ времето. Наставниците можат да видат како студентите се подобруваат и да утврдат на кои студенти им е потребна поголема помош.
  • Се зајакнува оценувањето на катедрата - користењето на е-портфолијата му помогна на колеџот Глазгов да го подобри процесот на оценување на катедрите. Наставниците можат да обезбедат докази дека нивните повратни информации се прецизни и корисни. 
  • Воведување во фази - усвојувањето на дигитална технологија во училница може да претставува предизвик. Сепак, ваквите предизвици може да се совладаат со постепено спроведување на промените. Колеџот Глазгов почна така што им даде е-портфолија на 50 студенти. Оваа бројка постепено се зголеми откако наставниците и другиот персонал научија како најдобро функционира системот.

Поддршка на работата на студентите и други корисни насоки:

  • Прикажува достигнување - чувањето докази на едно место им овозможува на студентите да им го прикажат сопственото достигнување на другите. Поконректно, студентите го завршуваат курсот со еден документ во кој детално е објаснет нивниот образовен пат и достигнувањата кои тие можат да ги покажат на потенцијалните работодавачи. 
  • Користење на познати програми - е-портфолијата треба да бидат достапни и за студентите и за наставниците. Користењето на софтвер кој им е познат на студентите и наставниците ќе помогне во лесната транзиција, но и во зголемената вклученост. Колеџот Глазгов смета дека добро функционираат пакетите на Микрософт, но утврди и дека користењето на iBooks Author може да помогне на е-портфолијата да им се даде професионален изглед - привлечен за идните работодавачи.
  • Инклузивна настава - дислексичните студенти можат да ја зачуваат својата работа во формати кои се прилагодени за дислексични лица. Колеџот Глазгов увиде дека дислексичните студенти можат да ги примаат повратните информации со поголема самодоверба и подобро да ги прикажат своите достигнувања.