Откако почнавме во април, списанието Vocational Education Exchange се објавува во осум земји на Западен Балкан и Централен Кавказ, а посетено е повеќе од 100.000 пати. Сега е достапно на девет различни јазици за речиси 150.000 наставници и лидери по стручно образование и вештини.

Нашите читатели имаат можност да пристапат до идеи и материјали од Велика Британија, како и до платформа да ги споделат своите ставови. Се надеваме дека по оваа пилот година, стручните практичари од целиот свет наскоро ќе ја имаат истата можност!

Најпопуларно издание во повеќето земји беше петтиот број, во кој се фокусиравме на вработливоста и на основните вештини. Само во Косово и Србија читателите повеќе ги интересираше третиот број, во кој се осврнавме на вклучување на работодавачите.

Во списанието беа објавени написи од повеќе од 40 учесници од Велика Британија, а најпопуларни беа оние со најдобри совети, студии на случај или корисните ресурси кои можевте да ги симнете. 

Нашите читатели се заинтересирани за перспективите за кариера на младите лица со кои работат. На врвот на листата на најпосетувани страници се написите што се фокусираат на подготвување на младите за работното место, осигурување дека младите ги поседуваат основните вештини, совети за тоа како младите да го користат Linked In и како да успеат на глобалното работно место.

Се осврнуваме на 2016 и со нетрпение ја очекуваме 2017 и уверени сме дека нашето списание ги прошири хоризонтите и ги поттикна нашите читатели на размислување. Се надеваме дека обезбедивме ресурси и алатки што се користат во наставата во целиот свет. 

Се ближи новата година и сакаме повеќе да ве вклучиме. Во јануари ќе спроведеме анкета за да откриеме на кој начин нашето списание влијаеше врз вашата работа и како тоа може да се подобри. Ќе го воведеме и докторот за вештини

Се надеваме дека ќе уживате во декемвриското издание и ви посакуваме среќна Нова година.