Vocational Education Magazine се објавува повеќе од половина година. Сега би сакале да ве вклучиме и вас и да дознаеме повеќе за вашата работа, за предизвиците со кои се соочувате и да ви дадеме совети по мерка што би можеле да ви помогнат во вашата пракса. 

Во 2017 година ќе воведеме нова рубрика: доктор за вештини

Ова е место каде што може да поставувате прашања за различни аспекти на стручното образование и вештини.

Секој месец различен експерт за вештини ќе одговори на одбрани прашања од читателите. Професионалецот од индустријата ќе понуди предлози и совети за тоа како да се совладаат предизвиците, а ќе помогне и да се подобрат вештините и вработливоста на младите. 

Во јануари Трејси Партриџ, експерт од Универзитетот Гринич, ќе одговара на вашите прашања за тоа како да ги задоволите посебните потреби за учење на вашите студенти.

Пријавете се да го добивате месечниот билтен за да не го пропуштите одговорот на вашето прашање.