Постои соодветно време и место кога туторите ќе го преземат водството при презентирање материјали пред нивната група. Но, постојат и многу ситуации кога ефективното подучување значи да им се дадат можности на учениците самите да откриваат, размислуваат и решаваат проблеми. Ова ќе претставува предизвик за студентите и ќе им помогне да напредуваат. 

Нашите партнери од Фондацијата за обука во образованието создадоа алатка за авторефлексија. Направена е да им помогне на наставниците да се осврнат на својата практика и да размислат колку го поттикнуваат активното учење. Со задоволство ја споделуваме оваа алатка со вас. 

Алатката за авторефлексија содржи листа што наставниците треба да ја штиклираат и формулар за повратни информации. Тука симнете ја листата за штиклирање, а овде симнете го формуларот за повратни информации

Наставниците можат да ја користат алатката независно или како подготовка за усмерен професионален развој или коучинг сесија.