Еден од начините на кои можат да се прикажат постигнатите успеси во вештините на учениците е преку нивното учество на натпревари. WorldSkills Competitions ги инспирираат практикантите и младите да бидат амбициозни во нивното образование и стекнувањето експертиза. Направивме колекција од фотографии од националните натпревари на  WorldSkills во Велика Британија за 2016, кои се одржаа како дел од Шоуто за вештини во Бирмингам овој месец. Д-р Нил Бентли, директор на  WorldSkills, изјави дека со овие млади лица: „со право ќе се гордеат нивните семејства, пријатели и колеги, но и сите ние - тие се нашата иднина и пример што ќе ја инспирира следната генерација на таленти да имаат кариери што се фокусирани на вештини“.

Ова се пет фотографии со кои се слават вештините на студентите во различни предмети, како каменорез и терапија за убавина. Се надеваме дека ќе се согласите: ова се многу талентирани млади лица!

Ако имате фотографии со кои се прикажуваат вештините на вашите ученици и што би сакале да ги споделите со нашите читатели, испратете ги на VEE@britishcouncil.org (ќе ве контактираме за да добиеме ваша согласност пред да ги објавиме фотографиите).