Овој месец подеталено ќе ги разгледаме иновациите во наставните планови и програми и како тие да останат релевантни согласно брзото темпо на промени во индустријата и технологијата. Имаме студии на случај за иновации во програмата по математика, кои покажуваат како обуката може да им помогне на наставниците да се прилагодат на промените, најдобри совети за користење на технологијата за да се зајакне учењето, и многу повеќе. Читајте понатаму за идеи како да воведете новини.

Подобрување на успехот преку превртено учење

Како продолжение на студијата на случај за „превртено учење“ од минатиот месец, овој месец студијата на случај покажува како Колеџот Хал ги поддржува наставниците преку обука што ќе им помогне да ги спроведат иновациите во програмата. 

Иновации во програмата

Катедрата за медиуми на колеџот Екситер и Национална здравствена служба (НХС) соработуваа за да развијат нов модел на наставна програма. Овој модел обезбедува искуства за учење релевантни за индустријата, а во исто време ги задоволува и деловните потреби на НХС.

На ниво на предизвикот на динамичен пазар

Дознајте како колеџот Лидс го користи планирањето на програмата за потребите на динамичниот локален пазар. Ќе разберете колку се важни податоците од локалниот пазар во процесот на планирање на програмата и иновативните алатки што се користат како поддршка на овој процес. 

Ви го претставуваме: докторот за вештини

Сега ќе имате можност да ги поставите вашите прашања за аспекти на стручното образование и вештините што се важни за вас. Секој месец различен експерт за вештини ќе одговара на вашите прашања, ќе нуди корисни предлози и решенија за вашите предизвици.