Минатиот месец објавивме студија на случај од колеџот Хал која покажува иновација во наставната програма преку „превртеното учење“. Овој месец како обуката им помага на наставниците да ја спроведат оваа иновација во програмата.

Преглед на студијата на случај

Оваа студија на случај ја објаснува филозофијата на коучинг што го поткрепува проектот „Подобрување на успехот преку превртување на учењето“ на колеџот Хал. Проектот имаше четири нишки базирани на предмети во Градежништво, Инженерство, Фризура, убавина и кетеринг и Високо образование, и во секоја од нив тестираше различна технологија на превртено учење. За вработените во секоја област, беше постигнат пораст кај вештините и кај самодовербата при користење на технологијата преку поддршка на групните сесии за обука со индивидуален пристап на коучинг. 

Кој би можел да има придобивка од оваа студија на случај и зошто

  • Лица што сакаат да дознаат како развивањето на коучинг по одредени предмети може да ја зголеми самодовербата на вработените и компетенциите за развивање на нивните вештини во информатичката и комуникациската технологија (ИКТ).
  • Лица што сакаат да дознаат како развивањето на култура на коучинг во организацијата може да го поттикне споделувањето на ресурси и ефективната пракса.
  • Лицата задолжени за развивање на кадарот и/или квалитетот кои сакаат да го истражуваат влијанието на индивидуалниот и групниот коучинг за учење зајакното со технологија во училница.
  • Лицата задолжени за технолозите за учење кои сакаат да ги разберат придобивките од обуката за модели и техники на коучинг.

Во приложената студија на случај колеџот Хал ќе објасни:

  • која е групацијата на колеџот Хал                                                                                        
  • што сакаат да постигнат и зошто: вклучувајќи и објаснување на нивниот модел на коучинг и учењето зајакнато со технологија.                    
  • докази за влијание * научени лекции со овој пристап                                            
  • најдобри совети за успешно идно применување

Дополнителни страници