Катедрата за медиуми на колеџот Екситер и Националната здравствена служба (НХС) соработуваа за да развијат нов модел на наставна програма. Предизвикот беше да се создаде модел што ќе обезбеди искуства за учење за студентите кои се релевантни за индустријата, а во исто време ги исполнуваат деловните потреби на НХС.

Оваа програма е особено релевантна ако ве интерсира:

  • дизајн на наставна програма                                                                  
  • образование за медиуми                                                                      
  • вработливост                                                                                      
  • радиодифузија во заедницата                                                              
  • партнерства меѓу образованието и бизнисот 

Ова е кус преглед на она што може да го најдете во студијата на случај:

Што сакаше проектот да постигне и зошто

Намерата на проектот беше да ги испита предизвиците при прилагодување на наставната програма за да се создадат можности за учениците да учат во контекст на индустријата преку испорачување на професионални услуги на комерцијална основа на клиенти.

Поконкретно, проектот се фокусираше на следните предизвици:

  • разбирање на улогата на туторот при управување со комерцијален проект;                      
  • учениците да се постават во професионално опкружување и да имаат успешно искуство со учење, а клиентот да добие квалитетна услуга;                                                                        
  • балансирање на очекувањата на учениците и барањата на клиентот;      
  • усогласување на барањата на живи индустриски проекти и потребите за оценување на акредитираната квалификација за медиуми. 

Што постигна проектот до сега

Беа прибрани и разгледани повратни информации од учениците, туторите и клиентот, и од тоа се развија низа препораки и точки за учење. Влијанието на проектот може да се види во: 

  • позитивните повратни информации добиени од учениците за придобвиките од учење преку вистинска работа;                                      
  • препораките и клучните точки за учење кои се подлога за повеќе нови случувања што произлегоа од проектот (објаснети во следниот дел).

Што треба проектот да направи

Проектот доведе до повеќе значајни настани, како што се:

  • проект, кој колеџот го разгледува, за Академија за медиуми каде што студентите ќе имаат можност да работат во продукциски тимови за различни надворешни клиенти.                                                             
  • успешна апликација за дотација од 10.000 фунти за развивање на сличен модел за учениците од ниво 4 и 5 во партнерство со Универзитетот Плимут;                                                                              
  • плус многу други идни настани што ги има во целосниот извештај.

Клучни точки за учење: 

Од оваа студија на случај произлегоа огромен број на точки за размислување. Ова се само неколку од многуте клучни точки за учење што може да се најдат во целосниот извештај:

  • на студентите можеби ќе им треба помош за генерирање идеи. Често рекламите им се чинат здодевни и им треба помош да размислуваат за нив на иновативен начин - ако не за тоа како идејата е зачната, тогаш за тоа како се развива.                                                                                
  • некои студенти се мотивирани само ако нивната работа е директно поврзана со резултати од оценување. Иако некои други со задоволство би работеле нешто што не е поврзано со резултати од оценување, сите студенти ја ценат акредитацијата на задачите.                                        
  •  оваа форма на учење, структурирана околу проекти за медиумска продукција, ја менува улогата на туторот и на помошниот персонал, кои сега имаат двојна улога да ги набљудуваат потребите за учење на студентите и да ги исполнат комерцијалните очекувања на клиентот. Ова е возбдулива работа која бара блиска комуникација и преговори. Понекогаш, ова е исклучително тешко и предизвикувачко, особено кога улогата на туторот е во конфликт со потребите на клиентот. 

Целата студија на случај за дизајнирање на наставна програма содржи и резиме на повратните информации од студентите како и кус преглед на курсот, што може да биде од помош кога ќе ја редизајнирате сопствената програма.

Дополнителни страници