Колеџот Крејвен направија одлична студија на случај на нивната работа со работодавач во авијацијата, „Свиспорт“. Проектот „Подучувај и ти“ се обидува да ги истражи и процени различните модели на колаборативна соработка меѓу работодавачите и понудувачите на ниво на практичари, во кодизајнирање, испорака и оценување на програмите за стручно образование и обука.

Целата студија на случај може да ја најдете подолу, но еве извадок од она што може да очекувате: 

„Подучувај и ти“ ги охрабрува луѓето од индустријата да одвојат време на подучување за нивната работа преку развивање на наставната програма, промовирање на практиката наставниците и обучувачите да го ажурираат нивното искуство во индустријата и да помогнат при градење на вистински колаборативни врски меѓу работодавачите и понудувачите. Преку програмата за развој „Подучувај и ти“, овој проект со колеџот Крејвен имаше за цел учениците да ја разберат важноста на математиката и да ги охрабри да ги развијат потребните вештини за индустријата. Работејќи заедно, лицата што изготвуваат програми и вработените во „Свиспорт“ развија колеборативна програма за развивање на математичките вештини со користење на контекстот на контрола на товарот на авионите. 

Ова се целите на проектот:

  • соработка со работодавачите за да се развијат стручно контекстуализирани материјали за математика и да се развијат педагошките вештини на работодавачите за да се подобри обуката во компанијата      
  • да се развијат математичките вештини на студентите по авијација во стручниот контекст потребен за вработување  
  • да се подобри увидот за можна кариера во авијацијата и можностите за вработување за студентите
  • дополнително да се втемели културата на „Подучувај и ти“ како во авијацискиот сектор така и на катедрата за математика на колеџот. 

Целосната студија на случај опфаќа опис на целиот проект, позитивните влијанија што произлегоа од проектот, и клучните точки за учење што институцијата и работодавачот можеа да ги разгледуваат.

Може да го погледнете и кусото видео за да ги чуете наставниците и работодавачите вклучени во проектот „Подучувај и ти“, кои дискутираат за дел од придобивките и предизвиците.

Дополнителни страници