Дознајте како колеџот Лидс го користи планирањето на наставната програма за да се задоволат потребите на динамичниот локален пазар. Ќе ја разберете важноста на податоците од локалниот пазар на труд (ЛМИ) во процесот на планирање на наставната програма и иновативните алатки и методи што се користат како поддршка на процесот. 

Оваа брошура накусо го опишува пристапот на колеџот кон користење на податоците од пазарот на труд (ЛМИ) како темел за развивање на флексибилна и еластична програма што ги задоволува сегашните и идните потреби на пазарот. 

Во оваа брошура има пример кои го прикажуваат пристапот на колеџот кон иновациите во програмата. Еве накусо што може да најдете:

Кус вовед во проектот и извадок во врска со планирањето на наставната програма. Кликнете подолу за целосната студија на случај

Колеџот и визијата

Со повеќе од 40.000 студенти и над 1.300 вработени, колеџот Лидс е еден од најголемите колеџи за натамошно образование во земјата. За волку голем колеџ и во таков живописен регион да биде успешен, потребна му е голема стратешка визија, а токму ова Колин Бут се обидува да го наметне откако беше назначен за директор во октомври 2015. Опишана од Офстед како „програма за културна размена за зголемување на стандардите што ќе доведе до уживање, развој и успех на студентите“, колеџот подготви петгодишен стратешки план кои опфаќа посветеност на: 

  • инспирирање на студентите да успеат преку обезбедување на одлично учење со персонализирано патување низ учењето за секој студент                                          
  • градење на ефективни партнерства што ќе ја зајакнат нашата репутација како водечки испорачател на стручно и учење на работното место                                  
  • oбезбедување производи и услуги дизајнирани да ги задоволат локалните и регионалните потреби од вештини                                                                            
  • примена на иновативни решенија кои бараат комерцијални можности како поддршка за образовните приоритети

Планирање на наставната програма

Една од поочигледните примени на Analyst е во планирањето на наставната програма бидејќи алатката има посебна функција за планирање на програм. Во котекст на идни можни намалувања на буџетот, колеџот планира да ги користи податоците за да ја анализира нивната моментална понуда на наставни програми во споредба со работните места, слободните работни места и проектираните промени. Ова ќе помогне да се разбере каде има усогласување, каде има јазови, па затоа колеџот треба да ја фокусира и унапредува програмата за да биде подобро усогласена со сегашната и идната побарувачка на вештини на пазарот. 

Целата студија на случај покрива многу други теми во стручното образование, како:

  • Разбирање на регионалните потреби од вештини,                                                  
  • деловно планирање и развивање понуди                                                              
  • вклучување на работодавачите                                                                            
  • практикантство                                                                                                        
  • маркетинг и регрутирање

Дополнителни страници