Jisc, организацијата што работи за образовниот сектор во ВБ како промотор на дигиталните технологии, состави портфолио од студии на случај кои ги истражуваат начините на кои различни институции ја интегрираат технологијата во нивната наставна програма, што помага да се зајакне како подучувањето така и учењето.

Се фокусиравме на една студија на случај понконректно, од колеџот Рединг, и подготвивме корисни Најдобри совети за тоа како може да ја користите дигиталната технологија за ваша корист во училница. 

  • Усогласете ја вашата технологија со онаа на студентите - со цел студентите да ја прифатат технологијата, таа треба да биде усогласена со начинот на кои тие ја користат технологијата надвор од училница. Дали користат Гугл Хром? Тогаш користете Гугл Хром. Ова може да ја намали фрустрацијата во училница и да доведе до побезболна интеграција. 
  • Студентите нека бидат сопственици на технологијата - содржината објавете ја на „облак“. Ова ќе им овозможи на студентите полесно да споделуваат идеи и ресурси едни со други и да можат да учат и споделуваат во секое време, на секое место и со сите уреди - на овој начин повеќе ќе ја поседуваат својата работа.
  • Развијте ја самодовербата и вештините на наставниците - континуираниот професионален развој (КПР) што се одвива онлајн, лице в лице, колега со колега и преку менторство е неопходен. Колеџот Рединг ја усогласи програмата за КПР со проценките на кадарот за да се постигне доследност. 
  • Персоналот да биде во тек со технологијата - „Моделирање на технологијата, мали сесии, онлајн КПР, отворени училници и менторство за технологија - сето ова им се нуди на вработените така што искуството за нив е подеднакво персонализирано како што би требало да е и за студентите“ - Хана Тајерман, менаџер за учење и развој, колеџ Рединг
  • Понудете различни методи на комуникација и споделување - вработените и студентите на колеџот Рединг сега користат Gmail, Google Classrooms, Google Hangouts, Google Plus и Google Docs за да комуницираат, споделуваат информации и ресурси, да задаваат и доставуваат задачи и да обезбедат сумативни повратни информации за студентите. 
  • Користете ја технологијата од иднината сега - Google Glass се покажа како особено корисна за демонстрирање на достигнувањата на студентите во стручните области како водоинсталатерство и кетеринг. Студентите објавуваат снимки на нивниот простор за учење за размислување и оценка, и како запис од она што го постигнале. 
  • Донеси свој уред (ДСУ) - во Google Classroom наставниците најдоа платформа што им овозможува да ги споделуваат ресурсите со студентите, да ги разгледуваат доставените домашни задачи и да понудат навремени формативни повратни информации за студентите. Автоматските известувања за имејл значат дека студентите се во тек со она што се постира, а апликацијата што е достапна како за Андроид така и Епл значи дека е лесно да се пристапни до неа на различни уреди - Џејмс Кифт, менаџер за технологии за учење, колеџ Рединг
  • Воспоставете простор за учење за оние без пристап - воспоставете пристап за оние кои што немаат свои уреди или не можат да ги донесат на училиште. Колеџот Рединг има простор за учење со лаптоп компјутери и ај-пад кои можат да се позајмат по потреба. 

Што ќе смени овој нов пристап кон учењето?

Колеџот Рединг смета дека преминот кон учење што се базира на „облак“ донел трансформациски промени така што:  

  • се користат склоностите за учење на генерација родена во дигиталната ера        
  • учениците се охрабруваат повеќе да инвестираат во своето учење            
  • се менува начинот на кој учениците споделуваат и комуницираат едни со други, со наставниците и со работодавачите                                                                        
  • на учениците им се овозможува да имаат пристап до работата надвор од училницата со било кој уред                                                                                      
  • олеснува колаборативно учење и оценување ученик-ученик                                    
  • се подобрува задржувањето на информациите и постигнувањата кај учениците преку побрзи повратни информации и поддршка

Дополнителни страници