Добре дојдовте во февруарското издание на Vocational Education Exchange

Овој месец се фокусираме на задоволување на потребите на учениците.Постојат многу начини на кои стручните училишта и колеџите можат да ги задоволат потребите на нивните ученици. Може да станува збор за понуда на курсеви што ќе ги подготват учениците за вработување или пак да се развијат курсеви и посебна грижа за учениците со специфични образовни потреби.

Инклузивното образование значи дека сите ученици ги посетуваат и се добредојдени во нивните локални училишта во редовните класови соодветни за возраста. Тие добиваат поддршка да учат, придонесат и учествуваат во сите аспекти на училишниот живот. Инклузивното образование се однесува на тоа како да ги развиеме и дизајнираме нашите училишта, училници, програми и активности за сите ученици да можат да учат и учествуваат заедно. 

Британскиот Совет е посветен на инклузивното образование и поддржал повеќе конференции и иницијативи што промовираат инклузивен пристап кон образованието.

Прочитајте студии на случај, насоки и најдобри совети што ќе помогнат да ги задоволите потребите на вашите ученици.