За повеќето ученици во стручните училишта, образованието треба да води кон вработување. Затоа би било корисно училиштата и колеџите да вклучат професионално искуство во учењето на учениците. Ова не само што ќе им овозможи на учениците да научат практични вештини, туку може да им помогне да почнат и со градење на професионални врски и контакти во индустријата - што пак понатаму може да им помогне да најдат вработување кога ќе се стекнат со квалификација.

Колеџот Салфорд е партнер со британската хуманитарна организација Career Ready за да го направи токму ова, и до сега имаат постигнато исклучителни резултати. 

Колеџот креираше низа курсеви за Career Ready. Овие курсеви им помагаат на учениците да бидат подготвени за кариера така што им доделуваат бизнис ментор и им организираат шестнеделно платено стажантство.

 

Eighteen-year-old Zubair Rana from Cheetham Hill at his work placement at ITV.
Accounting student Thomas Brooks with his mentor Paul Hutchings, from Salford City Council.

Менторите доброволно играат улога во образованието на учениците, им помагаат со задачите и апликациите за стажантство, и кога е можно им даваат насоки и совети за кариера. Учениците, исто така, одат и на работното место на менторот. 

Еден студент по сметководство кој соработуваше со Аманда Вуд од „Лојдс бенкинг груп“ изјави: „Отсекогаш ме интересирало банкарство, така што ми беше многу мило кога разбрав дека Аманда ми е доделена за ментор“.

Курсевите Career Ready веќе покажуваат резултати.

По шестнеделна летна пракса во британската телевизиска компанија Ај-Ти-Ви, на еден студент му е понудена работа со пола работно време додека ги заврши студиите на колеџ.

Тој објасни: „Многу ми се допаѓа работата во Ај-Ти-Ви, бидејќи тоа е познат бренд со силна репутација. Одлично ќе изгледа  во мојата биографија кога ќе почнам да барам работа со полно работно време по завршување на студиите.“. 

Тина Пајпер, извршен координатор во Центарот за деловни услуги на Ај-Ти-Ви, го рече следното за студентот:

„Задоволство беше да се гледа како нашиот практикант напредува во знаењето, вештините и самодовербата за време на шестнеделната пракса и лесно стана важен член на нашиот тим“. Таа додаде: „Ќе бидеме многу среќни доколку ни се придружи повторно додека не ги заврши студиите“.

Колеџот Салфорд увиде дека поврзување на студентите со индустријата ги охрабрува да се фокусираат на учењето и ги подготвува за понатамошната кариера.

За да дознаете повеќе за курсевите Career Ready што се нудат во колеџот Салфорд, кликнете тука.