Списанието Vocational Education се објавува повеќе од половина година. Сега би сакале да ве вклучиме и вас и да дознаеме повеќе за вашата работа, предизвиците со кои што се соочувате и да ви понудиме совети што би можеле да ви помогнат.

Во 2017 ќе воведеме нова рубрика: доктор за вештини.

Ова е место каде што ќе може да поставувате прашања за различни аспекти на стручното образование и вештини.

Секој месец различен експерт за вештини ќе одговори на неколку прашања од читателите. Професионалецот од индустријата ќе понуди сугестии и совети како да се надминат предизвиците, помош за подобрување на вештините и на вработливоста на младите луѓе.

Во март Трејси Партриџ, експерт од Универзитетот Гринич, ќе одговара на вашите прашања како да ги задоволите специфичните потреби за учење на вашите ученици.

Испратете го вашето прашање на мејлот VEE@britishcouncil.org

Регистрирајте се на месечниот билтен за да не го пропуштите одговорот на вашето прашање.