Студија на случај од општинскиот колеџ Хекни

Општинскиот колеџ Хекни создаде инклузивна образовна програма за група млади лица со потешкотии во учењето и со инвалидитет.

Сакајќи да го споделиме нивниот успех, овој проект го објавуваме како студија на случај заедно со листа на најдобри совети што ќе ви помогнат да научите од нивното искуство. 

Општинскиот колеџ Хекни е образовна институција со средна големина во Шордич, Лондон.

Колеџот има за цел да ги задоволи потребите на заедницата, која е многу разновидна и во која има многу семејства со значителни социјални и економски потреби. 

Колеџот од секогаш нудел курсеви за ученици со умерен инвалидитет и потешкотии во учењето, но во 2009 требаше да се погрижи за група од шест млади луѓе со повисоко ниво на потреби.

Ова значеше брза трансформација на помошната опрема и развивање нова наставна програмакоја ќе ги задоволи потребите на новите ученици.

Туторката одговорна за проектот одлучи дека наставната програма треба да им помогне на учениците да учат, живеат и работат во возрасни години преку подобрување на нивната способност да се изборат за себе.

Наставната програма беше заснована на програмата наречена „Избори се за себе и својата иднина!“ (Speak Up For Yourself and Your Future!) подготвена од Министерството за образование на Орегон - врска до неа може да најдете на крајот на страницата. 

Туторката потоа се запозна со учениците и разви свои цели и подготви наставна програма, лекција по лекција, за да се задоволат специфичните потреби на учениците.

За секоја сесија беше направена рамка. Сесиите требаше да се одвиваат во форма на круг, а учениците и наставниците да ја почнат секоја сесија со споделување со другите како се чувствуваат и зошто. Пред главниот дел беше планирано да се игра игра. Главниот дел опфаќаше групен разговор или серија разговори со куклата наречена Џаза. Куклата им помогна на учениците да комуницираат и да се соживеат. На сесиите се цртаа и умствени мапи и се работеше во помали групи. Сите сесии се снимаа, а учениците имаа можност да се гледаат. Ова помогна да се поттикне меморијата на учениците и тие да се стекнат со самодоверба.

Еден ученик рече дека поради курсот сега ќе може да им каже на другите каков живот сака да има откако ќе го заврши колеџот. Друг ученик рече дека по секој час се чувствува посамоуверено. 

Програмата беше многу успешна. Оваа година во колеџот ќе се запишат 48 ученици со сложени потреби.

Сакајќи да сподели со другите училишта и колеџи, општинскиот колеџ Хекни предложи низа најдобри совети според нивното искуство, што ќе им помогнат на другите да развијат курсеви што ќе ги задоволат потребите на учениците со потешкотии во учењето или со инвалидитет: 

  1. Образовните цели треба да одговараат на учениците и континуирано да се ревидираат
  2. Превземете многу мали чекори
  3. Постојано правете рекапитулација и поттикнувајте размислување
  4. Користете видео и аудио снимки за да се поттикне меморијата и да се изгради самодоверба
  5. Секоја активност треба да биде куса и треба да се користат различни стилови на подучување и учење
  6. Активностите треба да бидат забавни, привлечни и интерактивни - користете кукли, игра со улоги и игри
  7. Работете како тим и потпирајте се на силните страни и вештини на стручната служба и моделирајте го однесувањето што сакате да го користите
  8. Имајте пристап до различни визуелни ресурси
  9. Иако сесиите ги предводи тутор, за секоја одлука во врска со активностите, разговарајте како група и искористите ги сите можности за заедничко одлучување, сослушување и искажување мислење.

За да прочитате повеќе за овој проект, симнете го извештајот тука.

Тука симнете ја наставната програма подготвена од Министерството за образование на Орегон.