Вештини за вработливост и основни вештини - Овој месец, ги истражуваме многубројните придобивки од времето што се вложува за да се развијат основните вештини на учениците за тие да го напуштат образованието сосема подготвени и да влезат во светот на работата. Не ја потценувајте разликата што може да ја направи зголемената самодоверба! Имаме и одлични, опсежни ресурси што ќе им помогнат на учениците да ги развијат толку потребните вештини за вработливост.

Развивање на вештини за вработливост

УКЦЕС (Комисијата за вработување и вештини на Велика Британија) подготвија фантастичен извештај за опремување на учениците со потребните вештини за вработување, по неодамнешното големо истражување кај повеќе од 200 организации. Што научија тие?

Основни вештини и проекти на работно место

Мотивацијата да се учи и внесувањето во ситуации од „вистинскиот живот“ се суштински елементи при учење на основните вештини - Дејвид Кредок од Универзитетот Тисајд ги објаснува придобивките од проектите кои се одвиваат на работно место.

Нашиот нов Водич за вклучување на работодавачите

Овој водич го подготвивме да ви помогнеме вам и на другите директори, на наставниците кои предаваат стручни предмети и на работодавачите што работат во Западен Балкан со цел да го најдете најдобриот начин за заедно да работите кон натамошно развивање на образованието.

МООК: Како да успеете на работното место во глобални рамки

За студентите да се стекнат со вистинските вештини за самоуверено да почнат на работното место, Британскиот совет и Универзитетот Шефилд заедно развија нов бесплатен онлајн курс. Дознајте „Како да успеете на работното место во глобални рамки“. нов МООК: Како да успеете на работното место во глобални рамки

Работилница „Вовед во развивање на вештини за вработливост“

Наменета директно за оние што работат во секторот за вештини, оваа работилница за вештини е дизајнирана од Сервисот за подобрување на учењето и вештините за да им се овозможи на обучувачите да подготват целосен воведен модул за развивање на вештините за вработливост.

Ресурс: Развивање на вештините за вработливост на студентите

Сино-британскиот колеџ обезбеди релевантна и обемна група на алатки за развивање на вештините за вработливост преку низа посебно направени курсеви за кариера со мислења и вештини потребни за успешно да се направат првите чекори во кариерата во глобалната економија.

Соработка за подобрување на вештините за вработливост

Оваа програма им ја дава на учениците самодовербата што им е потребна за да ги направат првите чекори на работното место - Азам Мухамед го објаснува новото партнерство на Сент Патрик со Барклис банката и придобивките од пристапот до нивната програма Животни вештини.