Азам Мухамед е Директор на последипломската и професионална школа при колеџот Сент Патрик. Во овој напис, Азам го опишува партнерството на Сент Патрик со Барклис банката, нивната програма Животни вештини и како тие ја поддржуваат транзицијата на учениците од училиште кон вработување.

Во Сент Патрик, нудиме стручни фокус курсеви за возрасни ученици, а им даваме особена поддршка на обесправените ученици. Веруваме дека со стручните курсеви со втемелена вработливост и претприемништво може да се зајакне вработливоста на дипломците на пазарот на труд. Нудиме широка лепеза на активности како дел од наставната програма за да ја поддржиме нашата агенда за вработливост, која опфаќа ефективни методи на настава и оценување, ресурси, опкружување што поттикнува учење, гости говорници, посети на практиканти во индустријата.

Оваа година воспоставивме партнерство со Барклис банката за да им понудиме на нашите ученици можност да се стекнат со подлабок увид во вработливоста. Ова партнерство опфаќа и пристап до програмата Животни вештини на Барклис и чести посети од персоналот на Барклис, кои им држат практични работилници на нашите студенти на различни теми, како што се бизнис старт-ап, управување со готовина, како да се направи бизнис план, како да се соберат средства за старт-ап компанија и раст на бизнисот, меѓународна трговија, итн.

Животни вештини на Барклис е програма поврзана со наставната програма, чија цел е да се вклучат и образоваат учениците, давајќи им пристап до вештини за вработливост и можности за работно искуство како поддршка на транзицијата од колеџ кон работа. Оваа програма е поддржана од City and Guilds - независна организација за доделување квалификации во Велика Британија.

Животни вештини на Барклис ја интегриравме во нашата настава и учење, особено во модулите што бараат вработливост и личен и професионален развој. Програмата се фокусира на три главни вештини: вештини за работа со луѓе, вештини за работа и вештини за пари. Тие се дизајнирани да им се подобри подготвеноста на учениците за работа, за управување со луѓе и нивната финансиска писменост, кои се клучни за вработување. Оваа програма им ја дава на нашите ученици самодовербата што им е потребна за да ги направат првите чекори во светот на работата, а во исто време да ги научат вештините што им се потребни за да го завршат курсот.

Убавината на програмата е во нејзината флексибилност и лесната достапност до платформата. Нејзината содржина може лесно да се испорача со поддршка на туторите во класот и волонтерите од Барклис, а учениците и сами можат независно да ја следат он-лајн. 

Како колеџ, сфативме дека преку соработката со други фирми и заедници можеме да им понудиме подобро искуство на нашите студенти кога се работи за вработливоста и основните вештини во стручното образование. Учениците, исто така, сметаат дека овие активности додаваат вредност на нивните квалификации и нивното задоволство е поголемо кога разговараат со експертите што доаѓаат од индустријата за да го споделат нивното искуство.

Како колеџ, градиме натамошна соработка со локалните фирми и заедници за нашите студенти да бидат подобро подготвени за работното место во 21 век. 

Сент Патрик колеџот почна со високо образование во 1998 година со прогресивен став кон развивањето и растот на наставните планови и програми. Тој сега е дел од групата Глобални универзитетски системи (ГУС) и има околу 2000 студенти.

Азам Мухамед работи во Сент Патрик колеџот десет години и имал различни академски улоги како Директор на школата за бизнис, продекан за настава и МБА програмата Лидерство во високообразовниот сектор. Има експертиза за развивање и управување на програми и менаџирал колаборативни додипломски и последипломски програми со британски и странски универзитети.     

Тој предводел и многу иницијативи за вработливост и претприемништво во рамките на колеџот Сент Патрик и раководи со Центарот за развој на претпријатија и претприемништво во Сент Патрик.