Британскиот совет и Универзитетот Шефилд заедно развија нов бесплатен онлајн курс: Како да успеете на работното место во глобални рамки. Курсот е отворен за регистрација и почнува на 26 септември 2016 година. Трае четири недели со по три часа учење секоја недела. Студентите во вашите институции ќе можат да се регистрираат за овој бесплатен онлајн курс што ќе ги подготви за светот на работата и ќе го поддржи идниот развој на нивната кариера.

Овој курс е наменет за лица од целиот свет кои за првпат ќе почнат да работат. Тој ќе се фокусира на меките вешини што обично се сметаат за неопходни за успех на работното место, па така се однесуваат на студенти, дипломци, нововработени, и на оние што се враќаат на работа по пауза во кариерата. За оние што сакаат да ја започнат својата кариера, курсот ќе им понуди вештини за самоуверено да почнат да работат на работното место. Ќе им даде вештини добро да комуницираат и да создадат добри врски со колегите и управителите.

Курсот ги воведува студентите во различни теми и не е потребно никакво претходно искуство. Студентите ќе се запознаат со клучните вештини што им се потребни за работното место, и преку видеа со работодавачи од различни сектори и земји, ќе добијат увид во она што го бараат работодавачите.