Сервисот за подобрување на учењето и вештините (ЛСИС) напорно работеше за да создаде опсежен водич за организирање работилница за „Вовед во развивање вештини за вработливост“ - а вие можете бесплатно да го користите!

Што е тоа?

Оваа работилница е дизајнирана да ја подигне свеста и да го поттикне разбирањето за важноста на вработливоста и на вештините за вработливост во натамошното образование и секторот за вештини.

За кого е наменета работилницата?

Дизајнирана е за оние луѓе кои што работат во секторот и од кои, како дел од работното место, се очекува да им помогнат на учениците во истражувањето на саканата кариера и нивното одлучување.

Кој може да ја држи работилницата?                                                                                                 

Овој модул може да го одржи секој што е искусен или квалификуван обучувач доколку одвои време да се запознае со материјалите и линковите, материјалите за делење и референците. Сепак, предност би било доколку обучувачот има претходно искуство или обука во областа на развивањето на кариера, бидејќи тоа би овозможило пошироко и подлабоко истражување на опфатените теми.

Што нуди водичот за работилницата?                                                                                                

На 61 страница, овој опсежен водич за работилницата ќе понуди сè што ви е потребно за да создадете јасен, концизен воведен модул за развивање на вештините за вработливост. Тој опфаќа: 

  • целосно времетраење на секоја сесија 
  • 26 Пауер поинт слајдови што можат да се користат 
  • редовни активности за учениците да бидат постојано ангажирани 
  • неколку материјали за делење, како што се водичи, дефиниции и студии на случај 
  • изборни дополнителни активности - за пост-модул за дополнително учење 
  • линкови до дополнителен материјал за читање и работилници преку Сервисот за подобрување на учењето и вештините (ЛСИС).

Што ќе постигне ученикот?                                                                                                                    

Целта на работилницата е да се разберат комплексните околности околу вработливоста. Поконкретните цели на работилницата се да ги оспособи учесниците да:

  • анализираат различни перспективи на вработливоста                                                          
  • искажат што значи вработливоста во нивната организација                                                      
  • ги објаснат главните вештини за вработливост што се потребни за нивните ученици            
  • дискутираат како да се подобрат вештините за вработливост кај нивните ученици