Нашиот неодамна подготвен Водич за вклучување на работодавачите се фокусира на преземање акција и гледање на придобивки. Без оглед на тоа дали сте наставник, вработен или работодавач, во овој водич на 70 страници има нешто што ќе ви помогне да им ги дадете на учениците најдобрите можности кога ќе го напуштат училиштето и ќе влезат во светот на работа.

Овој Водич за вклучување на работодавачите го подготвивме да ви помогнеме вам и на другите директори, наставници по стручни предмети и работодавачи што работат во Западен Балкан да го најдете најдобриот начин за да работите заедно кон натамошен развој на образованието. Овој практичен водич го подготвивме како поддршка за да ги подготвите младите со знаење и вештини што кореспондираат со потребите на нивните идни работодавачи“. 

Сè уште не сте убедени? - Еве што може да најдете во водичот                                                      

Овој водич од 70 страници има за цел да ви помогне ВАМ да го подобрите квалитетот на вклученоста на работодавачите, почнувајќи од едноставното прашање „зошто го правиме ова?“ па сè до конечно воспоставување контакт со тој важен работодавач/училиште.

Водичот опфаќа:

  • создавање услови (зошто треба да се вклучат училиштата) 
  • придобивките од соработката со работодавачите
  • развивање на соработката - генерирање идеи и активности, и работа на стратешко ниво
  • планирање на активности
  • воспоставување контакт со работодавачот и како да најдете ВАША публика 
  • резиме
  • алатки за помош - документи за планирање, активности 

Овој водич го подготвивме со поддршка од Министерството за надворешни работи и Комонвелт во рамки на проектот „Вклучување на работодавачите и реформи во стручното образование и обука во Западен Балкан“