Сите млади ги интересира нивната работна иднина, а многу училишта нудат некаква форма на кариерно советување, но малку училишта им даваат можност на учениците да се сретнат лице-в-лице со луѓе со различни работни места во потенцијално интересни сектори.

Младите со особено внимание ги слушаат ставовите на професионалците со кои доаѓааат во контакт во образовното опкружување, и огромното мнозинство се согласуваат дека ваквите контакти помагаат при изборот на кариерата (Education & Employers Taskforce, 2012).

Што може да им помогне на младите успешно да влезат на пазарот на труд?  

Кариерно вежбање    

Во Милтон Кинс, Велика Британија, нашата образовна добротворна организација Worktree пилотираше програма наречена „Кариерно вежбање“ со сите ученици на возраст од 11 до 18 години во три средни училишта. Во едночасовна сесија, група од 30 ученици се запознаваат и интервјуираат осум работодавачи - доброволци; разговорите траат седум до осум минути меѓу три-четири ученици и еден работодавач, во ротирачка формација.                                                                                                                                  

Кариерното вежбање е ефективно, и исто толку важно, може да се реплицира. Сметаме дека сите наставници можат да го искористат и да им помогнат на учениците да размислуваат за нивната иднина на работното место.

Од септември 2015 до март 2016 година, 2.832 млади лица се запознаа и интервјуираа 572 гости. Користејќи ги повратните податоците што учениците ги дадоа непосредно пред и по сесиите, забележавме зголемување од 19% кај самодовербата на учениците за одбирање на кариера, зголемување од 23% на самодовербата при разговорот со непознати возрасни лица и зголемување од 8% на нивната посветеност на учењето и достигнувањата.                                                                                              

„Се здобив со многу нови идеи за тоа како можам да ги постигнам моите идни цели и како да имам полза од искуствата што ми се нудат“, изјави еден од нашите 16-годишни ученици.

Тони Нелсон, директор на академијата Хејзли, изјави: „Повратните информации од нашите ученици и вработени укажуваат дека сесиите „Кариерно вежбање“ имале драстично позитивно влијание врз аспирациите на учениците, личната мотивираност и визија. По повеќе од две децении во образованието не сум наишол на поефективна програма за постигнување на овие цели кај толку широка лепеза на ученици, а со толку минимални инвестиции во поглед на време и пари“.                                                              

Исто така, забележавме и големо задоволство кај работодавачите - доброволци, така што 62% во потполност се согласија дека се чувствуваат корисни (99% се согласија), а 49% во потполност се согласија дека сега имаат попозитивни чувства за работата (99% се согласија), што укажува на потенцијална придобивка за работодавачот од поголемата продуктивност на работниците.

„Сесиите за Кариерно вежбање ми помагаат да излезам на кратко од секојдневните процеси, ми даваат сосема поинакво опкружување. Тука сфатив кој ме инспирирал, а нудат и поинаква перспектива“.

Гостинот Енди Пери, менаџер од НатВест банката

Бидејќи Кариерното вежбање бара од гостите да одвојат само еден час, речиси сите искажаа подготовеност да го повторат истото, што ќе им овозможи на училиштата да развијат подлабоки и попродуктивни врски со локалните работодавачи. 

Кариерното вежбање се покажа ефективно во Уганда, Кина и Индија, како и во Обединетото Кралство. Навистина не е тешко. Има две главни состојки:

  • регрутирање на гости волонтери; идеално би било најмалку осум за група од 30 ученици. Гостите може да бидат колеги, лица што работат во фирми во близина, пријатели или роднини - не е важно каков им е работниот статус, важно е автентично да зборуваат за нивното лично искуство на работното место.                                                             
  • потпомагање на едночасовната сесија за Кариерно вежбање така што учениците ќе бидат оние што ќе им поставуваат прашања на гостите за работата, а на гостите ќе им биде пријатно да даваат автентични одговори. 

Нашата визија за нашиот град, Милтон Кинс, е Кариерното вежбање да функционира во сите средни училишта - една едночасовна сесија годишно за сите возрасни групи, кои секој пат ќе интервјуираат осум различни гости - така што сите ученици ќе запознаат и интервјуираат 50 гости пред да го завршат школувањето.                              

Во училиштата во Милтон Кинс, Worktree ги регрутира гостите и ги раководи сесиите. Но, сме чуле многу приказни за училишта и наставници што ова го прават сами.

Обидете се и вие! На вашите ученици ќе им биде интересно и ќе се здобијат со поголема самодоверба во одлуките за учење откако ќе ги чујат искуствата на другите што искусиле вистинска работа. За да дознаете повеќе како ние го направивме ова, посетете ја веб-страницата на Worktree.

Дополнителни страници