Нашиот партнер, Фондацијата за образование и обука - водечко тело во Обединетото Кралство што нуди ресурси и континуирано стручно усовршување на наставници по стручните предмети и практичари - промовираше нов, возбудлив онлајн изложбен простор. Изложбата „Развивање иновации во техничкото и стручното образование и обука“ ги прикажува ефективните практики за дизајнирање и испорака на техничко и стручно образование и обука (ТСОО).

На веб-страницата се прикажани примери од искуствата и мислењата на повеќе од 40 партнерства помеѓу работодавач-понудувач и таа содржи:                    

  • студии на случај, извештаи и видеа со кои се прикажани клучните аспекти на ефективните и иновативни партнерства помеѓу работодавач-понудувач. Ова се прави главно преку проекти како Размена за лидерство на Двонасочна улица (Two Way Street’ Leadership Exchange) (се однесува на лидерството при изготвување на ефективно ТСОО со работодавачите) и Развојната програма „И ти подучувај“ (‘Teach Too’ Development programme) (дизајнирана за развивање на кадарот и програмите) - два аспекти што се многу блиски еден со друг. Клучен за оваа работа е концептот за двоен професионализам кај оние што предаваат, но и кај оние што работат во релевантно стручно занимање или професија.                                                                       
  • наоди од едно мало испитување за одржување на пред-стручна настава поткрепени со шест студии на случај, што ги илустрира карактеристиките на пред-стручната настава. Целта на ова испитување беше да се види дали наставниците знаат како најдобро да ги дизајнираат програмите за пред-стручна настава, т.е. програмите за оние што сè уште не се вклучени во стручната обука.       

Во програмите „Двонасочна улица“ и „И ти подучувај“ беа вклучени големи, мали и средни претпријатија. Студиите на случај, видеата и ресурсите за поддршка доловуваат на кој начин овие партнерства споделувале експертиза - за занимањето, деловниот процес, наставната програма и педагошката експертиза - за да планираат, дизајнираат и испорачаат иновативно и одржливо образование и обука кои одговараат на потребите на индустријата и создаваат појасна слика за учениците за тоа како да се работи.              

Изложбата „Развивање иновации во техничкото и стручното образование и обука“ може да се види на страната на Фондацијата за образование и обука. Тука се споени Two Way Street Leadership Exchanges,  Teach Too Development Programme и резултатите од испитувањето за дизајнирање и испорака на пред-стручни програми.  

Дополнителни страници