За Твин, како петкратен победник на анкетата на Study Travel Magazine за понудувачи на работно искуство, вклучувањето на работодавачите е од огромна важност. Како дел од нивните услуги кои ги нудат за владите и образовните институции во Европската Унија и Обединетото Кралство, Твин Обединето Кралство нашле работа или стажирање за илјадници студенти, што значи дека имаат значително искуство во оваа област. Еве неколку совети како успеале да го постигнат ова:

Разберете ги потребите на работодавачите      

Кога се работи со стотици различни работодавачи, важно е да се разбере како ние како понудувач може да им помогнеме на сите. На некои работодавачи можеби ќе им биде корисно студент од странство да поработи неколку недели, а на други пак да добиваат лица кои поседуваат стручни вештини во текот на неколку месеци. Тука може да стане збор за: дипломци по графички дизајн (или лица што сè уште студираат), експерти по софтверот „ЕРП“ (комплексен софтвер за „Планирање на ресурси во претпријатие“), или британски и меѓународни студенти кои поседуваат ценети стручни вештини, како што се студентите по инженерство и маркетинг.                                                  

Постоењето на големо портфолио со понуди, какво што има Твин, помага да се изгради значителна база на податоци на снабдувачи. Ова ни овозможува да им најдеме место на многу студенти кај работодавачите, а сепак да задржиме високо ниво на задоволство. Во една неодамнешна програма, 130 студенти беа распоредени на позиции за само неколку недели, од кои 80% во секторот што самите го избрале; а на 28% им беше понудена и постојана работа - тоа е најочигледен знак дека работодавачите се задоволни. 

Having a large portfolio of offerings, as Twin does, helps in the building a substantial database of suppliers. This enables us to place high volumes of students with employers, yet still retain a high level of satisfaction. In a recent inbound funded programme, 130 students were placed over the course of just a few weeks, 80 per cent in their choice of sector; 28 per cent of which were even offered a permanent position – the clearest possible indication of employer satisfaction. 

Соодветно спојување    

Честопати придонесот за работодавачот се случува дури и пред тие да нè известат за одредно слободно работно место. Твин се труди да постигне „одговорно совпаѓање“, не само во проценката колку еден кандидат е соодветен за одредена организација, туку и да направи интервју со секој одделно за да ги разбере ставовите, очекувањата и мотивацијата. Ова ни помага да ги задоволиме потребите и очекувањата, што може да биде и клучот за успешно распоредување. 

Подучување на кандидатот и асимилација - намалување на товарот на работодавачот

Живеењето и работата во земја што е нова за лицето создава фантастични можности, проширени хоризонти и подобро разбирање на британските деловни и општествени вредности. Ова истовремено создава и други предизвици, од едноставни логистички и „хигиенски“ (функционални) прашања, до прашања од културата, како во општеството така и на работното место. Асимилацијата значи лесна интеграција и намалување на товарот на работодавачите и поголема стапка на успех кај стажантите.

Обезбедувањето на местото не значи дека работата е завршена                                    

Во некои случаи, кај лицата кои добиваат работна виза “Tier 5”, а на работно место ги распоредува Твин, постојат силни формални обврски за да се осигура придобивката и за ученикот и за компанијата. Се врши и постојан надзор, бидејќи работодавачите секогаш се благодарни за помошта што ја добиваат. За сите лица кои поседуваат вакви работни визи постои посебна линија на која можат да се јават за било какво прашање. Тоа ни овозможува да ги разрешиме сите можни проблеми на добро осмислен и урамнотежен начин.

Посветеност              

Твин е цврсто убеден дека вклучувањето на работодавачите е многустрано, исто како што е и секој работодавач, па затоа, за долготраен успех се потребни ресурси. Дел од нашите клучни програми се повторуваат по трети или четврти пат, а нашите повеќегодишни врски со агентите и училиштата се сведоштво за нашите достигнувања. Треба да се погрижите на вистински начин да се вклучите во бизнисот, а за тоа, клучна е посветеноста.