Ѝ помогна на нашата компанија да прерасне во лидер во индустријата

УРТ Груп

Ова е влијанието што обуката на работното место во вид на чиракување - со поддршка на колеџот Чичестер  - го имаше врз еден од водечките британски производители. 

„УРТ Груп“ е производител на композитни материјали и понудувач на инженерски решенија со седиште во западен Сасекс. Соработува со клиенти од различни индустрии, како што се одбрана, стил на живот, космичка индустрија и мотоспорт - меѓу кои и Формула 1 и Ле Манс. Основана во 2001 година со само тројца вработени, денес во компанијата има повеќе од 100 вработени во просториите во Богнор Реџис.

Кевин Емит, техничкиот директор и ко-основач на компанијата, изјави: „Уште од првиот ден го ставивме акцентот на чиракувањето. Тоа е навистина корисно за нашиот персонал. Корисно е и за практикантот бидејќи структурираното учење што го добиваат во колеџот Чичестер навистина се надополнува со она што го учат кај нас на работното место. Имаме тесна соработка со колеџот за да ги прилагодиме овие пракси на самите практиканти... Сакам да знаат како се управува со компанијата. Од финансии до продажба, од дизајн до продавница, од суштинска важност е да ги разберат сите области.

Откако почнавме, низ нашите врати поминаа 22 практиканти и ги задржавме речиси сите. Многу ни е важно да ги развиваме таквите таленти и да видиме како успеваат. Едноставно кажано, ако нашите практиканти не се искачуваат по скалилото, т.е. не напредуваат, тогаш ќе знаеме дека правиме нешто погрешно.

Кевин е одговорен за обуката и развојот на персоналот на УРТ и ја раководи програмата за чиракување во компанијата, водечка во оваа индустрија. Во неговата кариера работел во различни тимови на Формула 1, како Мекларен и Бенетон, и соработувал со повеќе понудувачи на обука - но, по партнерството со колеџот Чичестер ја открил вистинската разлика.                                                                                                

Она што ми се допаѓа кај Чичестер е што навистина слушаат што сакаме и што ни е потребно“, објасни тој. „Колеџот одигра важна улога во формирањето на програмата за чиракување и се навистина флексибилни при прилагодувањето на наставната програма на она што нам ни е потребно“.

Ако треба да додадеме нешто, тие го прават тоа. Разговарам со другите компании за композитни материјали во земјата и се чини дека тие го немаат истиот однос со нивните локални колеџи и понудувачи на обука. Мислам дека бидејќи имаме тесна соработка при развивањето на курсеви со колеџот и локалниот универзитет, ќе бидеме сведоци на успешна инженерска заедница тука во западен Сасекс.

Џули Капсалис, заменик директор на колеџот Чичестер додаде: „Како колеџ се гордееме со тоа што вработливоста е во сржта на нашето образование - и ова го правиме во сите области“.                                                                                                       

Во денешното опкружување, работодавачите бараат кадри кои имаат нешто повеќе од квалификација - сакаат лица што имаат практични вештини да успеат. Имаме тесна соработка со мали, средни и големи локални работодавачи - од локални фризерски салони до национални и меѓународни компании како УРТ- за да дизајнираме посебни програми за обука и стажирање што ги задоволуваат потребите на нивниот бизнис - и тоа води до успешни партнерства за обука“.

УРТ ГРУП

Техничкиот директор на УРТ Груп, Кевин Емет, студирал космичко инженерство. Работел за повеќе тимови на Формула 1, како Мекларен и Бенетон, пред да го основа УРТ со двајца колеги.

УРТ е водечки производител на композитни материјали и понудувач на инженерски решенија, дизајнира и произведува широка лепеза на мали и големи композитни компоненти. 

За повеќе информации може да ја посетите нивната веб-страница.

Колеџот Чичестер

Колеџот Чичестер се наоѓа во западен Сасекс во Велика Британија. Колеџот смета дека вработливоста е сржта на образованието и напорно работи сите студенти да си заминат со првокласно образование, како и со практични вештини што им се потребни во кариерата што ја одбрале. Колеџот смета дека е од суштинска важност да се работи во партнерство со локалните бизниси за да се исполнат нивните потреби од вештини и работна сила. Деловните лидери редовно доаѓаат во колеџот и одржуваат мастерклас часови со групи студенти и учествуваат во изготвувањето на наставната програма.                                                                                                          

За повеќе информации за колеџот Чисчестер и за нивната работа, посетете ја нивната веб-страница.