Вклучувањето на учениците во обликувањето на наставна програма, оценувањето и политиките на училиштето или колеџот може да ја подобри образовната средина.

Но за што треба да размислуваат раководните тимови, наставниците и вработените кога го вклучуваат гласот на учениците? Составивме една листа на најдобри совети за да ви помогнеме.

Овозможете дијалог

  • Создавањето простор за дискусија е од суштинска важност. Дали ќе организирате тинк тенкови, фокус групи, дебати или панели на кои ќе се поставуваат прашања, целта е да определите време и место за стимулирање значаен дијалог помеѓу наставниот кадар и учениците. 
  • Колку поголема размена на мислења постои, толку е поголема веројатноста учениците да влијаат на корисен начин.
  • Отворените дискусии во кои учениците чувствуваат дека имаат можност отворено да зборуваат може да бидат попродуктивни отколку да се одговара само на одредени прашања од затворен тип.
  • Процесот на вклучување и слушање на гласот на ученикот ќе биде покорисен ако се врши во континуитет, а не ако се организира само еднаш. Потребно е време и за учениците и за наставниците да ги научат вештините за водење на продуктивни разговори, така што треба да му се даде време на овој процес.

Земете го предвид влијанието врз другите ученици

  • Примарната цел за вклучување на гласот на ученикот може да биде во насока на обликувањето на одлуките кои ги носат раководните тимови и наставниците, но запаметете: учениците влијаат еден на друг. Може да биде многу покорисно само по себе учениците да ги слушнат гледиштата и идеите на другите ученици.
  • Подобрете го вклучувањето на учениците преку создавање култура во која станува сосема нормално тие заеднички да го обликуваат сопственото учење. На ваков начин се поттикнува размислувањето и се зацврстува заедницата.

Управување со ризиците

  • Воведувањето на било каква промена може да доведе и до преземање на одредени ризици - особено ако промената на учениците им овозможува поголема контрола врз средината на учење. Улогата на раководните тимови и на наставниците во вакви случаи треба да се однесува на управување со ризиците и продуктивно канализирање на гласот на учениците. Верувајте во тоа дека дека преземањето ризици ќе донесе позитивни резултати.
  • На наставниците може да им биде потребна обука за да ги научат техниките за тоа како ефикасно да слушаат и како да им одговараат на учениците. Размислете внимателно за тоа што го велат учениците и за тоа како може да се остварат нивните идеи.

Учете од грешки

  • Сите ученици се различни и сите средини за учење се различни. Неминовно е некои од иницијативите и техниките за вклучување на учениците да бидат поуспешни од други. Учете од искуствата - што е она што ги мотивира вашите ученици да се вклучат.
  • Може да биде од корист наставниците да разговараат меѓу себе со цел да ги разгледаат иницијативите.

Претставници од учениците

  • Како знаете дали еден мал ученички одбор добро го претставува целото ученичко тело? Веројатно не можете да знаете. Може да е најдобро одреден глас на учениците да го третирате Како еден од изворите на докази кој може да се искористи за да се изгради слика за гласот на учениците.
  • Покрај креирањето на ученички одбори и  улоги за претставниците, може да биде корисно да се вклучат поголем број ученици во поотворени и инклузивни форуми за дискусија.