Како што може да видите од написите во овој број, не постои еден единствен приод за да се дојде до гласот на ученикот. Концептот е флексибилен и отворен за интерпретација. За институции и практичари на кои им е нов концептот „глас на ученикот“, решавањето од каде и како да се почне може да претставува предизвик и да изгледа застрашувачки, иако ние би се спротивставиле и би рекле дека придобивките се со широк спектар и потенцијално водат кон позитивни промени. Според тоа, очекуваме прашања или коментари од нашите читатели на тема „Гласот на ученикот“, а истите, заедно со нашите коментари, ќе бидат објавени од страна на нашиот експерт за вештини во августовското издание.

Испратете ги вашите прашања на тема „Гласот на ученикот“. Ве очекуваме!