Постои богатство од практични материјали кои се однесуваат на гласот на ученикот кои се бесплатни и достапни на интернет, а ние сметаме дека ќе биде корисно да ги насочиме нашите читатели кон неколку примери на одлични ресурси кои произлегуваат од Велика Британија. Ве поттикнуваме да ги истражите врските подолу и да дознаете дали овие материјали може да ги искористите или да ги прилагодите во вашата земја. Би сакале да слушнеме и за слични ресурси кои се користат во земјите од кои потекнуваат нашите читатели. Доколку имате ресурси кои сакате да ги споделите, ве молиме испратете ни порака

Примери за најдобри практики од Офстед, канцеларијата за инспекција на колеџите и училиштата во Велика Британија

Офстед е тело во Велика Британија кое е одговорно за инспекција на колеџите и училиштата. Клучниот дел на секое оценување содржи исражување на степенот до кој учениците се консултирани за квалитетот на подучувањето кој го добиваат, а Офстед има подготвено неколку примери преку кои се демонстрира добрата практика во областа на гласот на ученикот. На VEE особено му се допаднаа ресурсите кои беа споменати во студијата на случај за колеџот Чичестер во Англија. Нивната награда „Лиценца за набљудување“, вежбата „Жешко или не“ и Годишната конференција на учениците се дел од истражувањето на оваа студија на случај која е објавена тука, додека други примери за добри практики кои ни ги даде Офстед може да ги најдете тука.

Водич на Асоцијацијата на колеџи за улогата на ученичкиот управител

Во Велика Британија, често зборуваме за улогата на „Ученичкиот управител“ кога зборуваме за гласот на ученикот. Овој термин бара малку да се дообјасни и во голема мера се поврзува со начинот на кој со колеџите се управува на национално ниво. Во Велика Британија, централната и локалната власт префрлаат голема надлежност за носење на одлуки директно на колеџите. Сепак, со оглед што колеџите се финансирани со јавни средства, од овие институции законски се бара да воспостават независен одбор, кој е наречен Одбор на управители, кој го сочинуваат членови од локалната заедница кои внимателно ги набљудуваат дејствијата што ги презема колеџот и начинот на кој се трошат средствата.

Покрај членовите од заедницата, многу од колеџите наименуваат ученички управител кој го претставува гласот на учениците. Англиската Асоцијација на колеџи има подготвено одличен прирачник кој им дава совети на колеџите во однос на тоа како да ги назначат и да им пружат поддршка на ученичките управители. Истражете ја палетата ресурси за гласот на ученикот или видете го прирачникот.

Прирачник на колеџот Карлшалтон за „Претставник на класот“

Создавањето на организациска култура во која учениците ќе се чувствуваат дека нивниот глас вреди и дека е слушнат не е секогаш лесен процес. Системот „Претставник на класот“, според кој секој клас од една институција ќе избере свој претставник што ќе ги претставува нивните интереси на академскиот и раководниот кадар, е вообичаен приод. Особено е ефикасен бидејќи на учениците им овозможува да дадат прецизни и анонимни повратни информации.

Нам навистина ни се допадна прирачникот што колеџот Карлшалтон го подготви за нивниот претставник на класот во кој на јасен и едноставен начин се објаснети неговата улога и должности. Истражете го овој корисен ресурс, но и другите ресурси што ги подготви колеџот Карлшалтон, а кои се објавени на страната на Фондацијата за образование и обука за извонредност.