По деталната, независна ревизија на наставната програма и оценувањето во Велс од професор Греам Доналдсон, велшката влада одлучи да преземе акција и да спроведе план за целосна реформа на наставната програма.

„Нашиот план за првата наставна програма создадена во Велс ги одредува нашите принципи и приоритети и е одраз на нашата верба и гордост на Велс како двојазична нација. Нашата нова наставна програма ќе содржи подобро учење и повисоки стандарди за сите“, Хју Луис, министер за образование и вештини. 

Каков е планот?                                                                                                                        

Во планот се наведени чекорите што ќе ги преземеме и соработката што ќе ја имаме со професијата за да имаме успешна иднина. Се фокусира на осум основни делови за нашата нова наставна програма за деца од 3 до 16 години. Тоа се следните:

  • 'Втемелување на четирите цели на програмата во учењето и искуството на сите деца и млади во Велс, без разлика на училиштетото или образовното опкружување.            
  • Создавање на нова наставна програма што ќе содржи Области на учење и искуство (АоЛЕ), резултати за постигнувања и референтни точки за проодност.            
  • Проширување и промовирање на искуствата на учениците така што програмата ќе биде богата но и инклузивна, широка и балансирана.                                                    
  • Развивање на обврски низ програмата така што ќе се дизајнира дигитална рамка за способности, а ќе се задржи темпото во поглед на писменоста и нумеричката писменост. 
  • Да се овозможи развој на велшкиот јазик така што оние што зборуваат велшки или рано го учат јазикот ќе можат да ги следат сите аспекти на наставната програма на велшки јазик, а оние што го учат јазикот ќе можат да напредуваат кон користење на јазикот со самодоверба во различни контексти.                                                                  
  • Развивање на нова рамка за оценување и евалуација во која приоритет е оценувањето за учење и со која оценувањето се усогласува со четирите цели на програмата и резултатите за постигнување од секоја АоЛЕ.                                              
  • Градење на капацитетите на сите практичари и лидери, како што е способноста да размислуваат и да ја проценат сопствената практика, да дизајнираат и создадат релевантна, предизвикувачка и стимулативна наставна програма и да применат соодветни педагошки принципи и практика.                                                                        
  •  Воспоставување на конструктивен и цврст систем на отчетност што ги поддржува четирите цели. 

За кого е наменета?                                                                                                                  

За сите вработени во образованието, за владините и националните партнери, меѓу кои и локалните власти и нивните регионални конзорциуми, синдикати, епархиски власти, владеачки тела и Estyn (просветниот инспекторат).                                              

Забелешка: иако реформата на наставната програма е наменета за велшките институции, лекциите што можат да се научат од овој план и обемот на прилагодувањето можат да ги согледаат и користат сите што работат во образованието денес. 

Може да го прочитате првичниот Извештај за успешна иднина на професор Доналдсон, кој доведе до развивање на овој план за наставната програма.

Дополнителни страници