Службата за подобрување на учењето и вештините (ЛСИС) подготви исклучително опсежен водич за обемно редизајнирање на наставната програма, кој ги потткинува читателите да ги анализираат и да размислат за сопствените наставни програми и нуди различни поглавја како што е улогата на лидерите во редизајнирањето на програмата и како да се почне со редизајнирање на вашата програма. 

Овој водич може бесплатно да го симнете подолу, но еве што може да најдете во него:

За кого е наменет водичот? 

Иако водичот е главно наменет за повисоки лидери и менаџери со стратешка одговорност за дизајнирање на наставна програма, тој ќе биде интересен и за менаџерите од средно ниво и практичарите. 

Што нуди водачот?       

На 53 страници водичот нуди дискусии за редизајнирање на наставната програма, одлични совети за алатки за промена, и голем број на докажани студии на случај кои може да ве инспирираат. 

Целата содржина опфаќа:

  • водење на обемен редизајн на наставната програма
  • време на промени за натамошното образование
  • улогата на лидерите во управување со промената на програмата
  • промена на културата
  • претприемништво и вработливост
  • подобрување на квалитетот и на ефикасноста
  • пообемно учество
  • алатки за промена
  • улогата на технологијата како поддршка на промените во наставната програма
  • редизајнирање на вашата наставна програма
  • поддршка за управување со промените на програмата
  • студии на случај

Што ќе добие читателот на водичот?    

Кога ќе го прочитате водичот, ќе бидете во состојба темелно да размислите за текновната наставна програма во вашата организација и ќе можете подобро да процените каде треба (и каде не треба) да се направат промени. Водичот ќе ви ги даде потребните алатки и насоки што ќе ви помогнат да одите напред и да ги спроведете овие нови промени. 

Дополнителни страници