Колеџот Хал неодамна заврши проект што се фокусираше на превртеното учење и потенцијалните придобивки од негова примена во стручното образование. Еве што тие имаат да кажат за ова.

ПРЕГЛЕД НА СТУДИЈА НА СЛУЧАЈ 

Оваа студија на случај ја испитува примената на модел на превртено учење во натамошно стручно образование како дел од нашиот проект за иднината на учењето „Подобар успех преку превртување на учењето“. Проектот имаше четири нишки по различни предмети: градежништво;  инженерство; фризери, козметичари и кетеринг, и високо образование, и кај секоја од нив тестиравме различна технологија на превртено учење. Сакав да го оцениме влијанието што овој пристап го има врз вработените, како и врз задоволството и постигнувањата на учениците. 

1. КОЈ ЌЕ ИМА ПОЛЗА ОД ОВАА СТУДИЈА НА СЛУЧАЈ?  

Оваа студија на случај е неопходна за:                                                                

  • лица што сакаат да дознаат како примената на пристапот за превртено учење може да биде корисна за стручното учење.                                             
  • менаџери што сакаат докази за влијанието на моделот на превртено учење како поддршка за учењето на учениците                                                  
  • наставници што сакаат да знаат како пристапот на превртено учење може да ја поддржи диференцијацијата и да го максимизира користењето на времето во работилница. 

2. ШТО САКАВМЕ ДА ПОСТИГНЕМЕ И ЗОШТО  

Сакавме да ја тестираме ефикасноста на превртеното учење за учениците од стручните училишта, и сметавме дека ова е особено важно по препораките на ФЕЛТАГ. Свесни бевме дека многу наши ученици се релативно сиромашни и дека нивната писменост е можеби лоша, па сакавме да утврдиме кои се пречките со кои се соочуваат при независно учење како дел од моделот на превртено учење. Овој проект ни даде можност потемелно да ги процениме нашите искуства со превртеното учење така што ќе утврдиме кој е неговиот потенцијал во одредени области на наставната програма и ова да го искористиме за придобивките што ваквиот пристап може да ги има за вклучувањето на учениците и нивните постигнувања.                                        

Недела на ВЛе                                                                                                       

Во март 2015, повеќе од 400 ученици од нашето училиште за Фризери, козметичари и кетеринг учествуваа во Неделата на ВЛе. Идејата за оваа недела дојде од еден од лидерите на проектот, кој присуствуваше на сесија на ЈИСЦ конференција што ја одржа Колеџот од Лидс кој пробал сличен пристап на еден ден за дел од курсевите. Планирањето траеше шест месеци и опфаќаше редовни обуки за производство на материјали со користење на Xerte и пристап до поддршка од тимот за е-учење. Дел од овие ресурси беа подготвени во партнерство со ЈИСЦ. Во текот на оваа недела секој од вработените одржа една од вообичаените неделни сесии онлајн. Учениците можеа да ги завршат онлајн активностите од дома или од библиотека. 

3. ДОКАЗИ ЗА ВЛИЈАНИЕ

Реакциите на учениците за пристапот на превртено учење беа позитивни: две третини од учениците вклучени во проектот користеа ресурси надвор од училницата, за 88 проценти од нив ресурсите биле корисни, а 91 процент уживале додека ги користеле. Може да ги прочитате целосните одговори од учениците на апликаците на Construction.                                      

Околу 97 проценти од учениците учествуваа во нашата Недела на ВЛе, покажаа големо ниво на ангажираност, а користењето на Moodle се зголеми за 62 проценти кај фризерите и 45 проценти за кетеринг.                                  

Успеавме да постигнеме добро ниво на вклученост на вработените во области каде што имаше голема поддршка од шефовите на катедри, кои организираа задолжителна обука за персоналот, самите присуствуваа на обуката и го следеа напредокот на персоналот. На пример, обучивме 20 вработени од школата за фризери, козметичари и кетеринг и девет од школата за здравство и социјална грижа за технологии што дотогаш не ги користеле. Ова доведе до поголемо разбирање на педагошкиот дизајн и подобрени технички вештини, како и силни партнерства меѓу наставниот и техничкиот кадар. 

Недела на ВЛе       

20 кадри од школата за фризери, козметичари и кетеринг подготвија повеќе материјали за неделата на ВЛе, многу од нив го користеа Xerte, а 402 ученика завршија дел од курсот онлајн во текот на оваа недела. Употребата на ВЛе значително се зголеми таа недела, но и следните недели, а процентуално најмногу се зголеми кај фризерите (62 проценти) и кетеринг (45 проценти), каде што нивото на употреба беше помало отколку кај козметичарите пред проектот. 

Посетете го нашиот блог за подетални информации за влијанието на Неделата на ВЛе за фризери, козметичари и кетеринг и слушнете ги коментарите на нашите вработени за придобивките од користењето на видео во превртениот пристап.  

НАУЧЕНИ ЛЕКЦИИ  

И покрај тоа што вработените на почетокот имаа резерви во врска со сигурноста на нивното работно место и обемот на работа, проектот покажа дека многу од вработените сфаќаат како моделот на превртено учење може да ја зајакне нивната испорака, особено кога се работи за потеоретските елементи на курсот и кога се поддржуваат учениците при подготовка за практична задача или при повторување пред оценување. Учениците вклучени во превртеното учење преку нашиот проект покажаа висок степен на ангажираност и постигнување, иако ова ќе треба да го следиме и во иднина кога ќе почнеме да го користиме овој пристап во поширок обем, за да бидеме сигурни дека тоа не се должи само на новитетот во методата на испорака.

Идни планови                                                                                                           

Следната година ќе разгледаме подолгорочни пилот-проекти со поформализирано превртено учење, а ќе продолжиме и да се занимаваме со обезбедувањето на ресурси што учениците ќе можат независно да ги користат како поддршка на учењето во училница. Се надеваме дека ќе обезбедиме подобар пристап до лаптоп компјутери и таблети за учениците и дека ќе продолжиме да ги обучуваме нашите вработени за да го подобрат знаењето и довербата за ефективна примена на превртениот пристап. Директорката на школата за фризери, козметичари и кетеринг беше импресионирана од влијанието на нашиот пилот за превртено учење оваа година и тука зборува за нејзините амбициозни планови да ја зголеми примената на овој стил на испорака. 

НАЈДОБРИ СОВЕТИ ЗА УСПЕШНА ПРИМЕНА  

Со цел да се добие најмногу што може од слични иницијативи, препорачуваме:                                                                                                      

  • да се пилотира превртеното учење во мал обем/на кус рок за да се види дали постојат некакви пречки.
  • да се максимизираат придобивките за учениците од содржината на превртеното учење така што ќе им се понудат избор од активности, ефективна поддршка и насоки, а кога е можно тие да ги завршат овие елементи во време и на место што ним им одговора.  
  • да се обучат вработените за создавање на ефективни и интересни материјали за превртено учење и за поврзани вештини, како што е разбирање на податоци за користење и индивидуално туторство и поддршка. 

РЕСУРСИ ЗА ПОДДРШКА      

  1. Превртено учење кај акциско истражување за фризери, козметичари и кетеринг – овој блог нуди подетални наоди за влијанието на нашиот проект во оваа област.
  2. Архивата Видео – на неделата нуди куси видеа кои што ви покажуваат како се користат Xerte, Nearpod и Appsgeyser.

Колеџот Хал е голем колеџ за натамошно образование, со локации во Хал, Харогејт и Гул. Нивна цел е да развијат култура во која „е-учењето“ не се смета за одделен приоритет, туку каде што технологијата непречено ја поддржува способноста на туторот и му овозможува на ученикот да пристапи до широка лепеза на ресурси што ќе го поддржи учењето во секое време, на сите уреди и на секое место.