Кафулето за обука GROW (на Сити колеџот во Лидс) ја почна својата нова програма на работилници за обука за помали компании на 20 јули, среда, во познатиот кампус Принтворкс. Еве на кусо како помина настанот и дел од повратните информации што ги добија. 

Воведниот настан беше многу успешен, со присуство на повеќе од 60 мали компании. Присутните ги поздрави Џоан Патриксон, директор за деловен развој и вклучување на работодавачите, која објасни дека „фокусот на новото кафуле за обука GROW е да ги поддржи помалите компании - да ги негува за тие да можат да ги развијат вештините што им се потребни за да бидат конкурентни и да успеат на нивниот пазар. Работилниците се идеални за оние што треба да обучат еден или двајца и се надополнување на посебните обуки што GROW веќе ги нуди на поголемите компании“.

Компаниите потоа учествуваа во повеќе бесплатни микро работилници, кои се занимаваа со уметноста на продажба, маркетинг на интернет пребарувачи и друштвени медиуми што ги држеа експерти во индустријата. Сесиите наидоа на многу добар прием и присутните имаа многу пофални зборови. 

„Фантастичен увид во курсевите што се нудат - слушнав одлични совети за друштвените медиуми. Ви благодарам“. 

- Рокси Кремп, ФЛП 

„Им благодарам на сите вклучени во кафулето за обука GROW денес. Сесиите беа корисни и пријатни! Одлична можност за обнова на знаењето и да се чујат многу нови совети. Храната/ручекот беа многу вкусни, а и просторот беше одличен! Благодарам уште еднаш! Ќе се вратиме пак!“ - Дени Шелдон, менаџер за маркетинг - Академик Апоинтментс

За повеќе информации за минати настани и идни GROW работилници, може да ја посетите веб страницата на Сити колеџот во Лидс.