Откако беше промовирано во април 2016 година, нашето списание за стручно образование и вештини станува сè попопуларно. Сега сме во одлична позиција да го зголемиме нашето влијание и да се прошириме во повеќе земји и региони. Овој месец се шириме во Централна Азија. Покрај тековните земји од Западен Балкан, изданието овој месец е објавено и во Казахстан и Азербејџан. 

Како ни оди?                                                                                                                             

Во првите три месеци од постоењето на списанието успеавме да допреме до речиси 40.000 практичари и лица со влијание од Западен Балкан. Голем беше интересот за многу наши написи за стручно образование; особено оние што содржеа топ листи, листи, совети и водичи предизвикаа најголем интерес и добија најмногу пофалби и споделување на друштвените медиуми. Добивме и објавивме написи и материјали од повеќе од 30 различни институции и професионалци во индустријата од Велика Британија. Ова списание е заеднички труд, со заедничка цел да се понудат одлични приказни, совети и ресурси за практичарите во стручното образование. Овие повратни информации и податоци се неопходни за да ја обликуваме и развиваме содржината на списанието и да ви ги понудиме информациите и написите што најмногу би сакале да ги видите. "

Вашата вклученост продолжува                                                                                            

Списанието и онлајн платформата за соработка нуди бесплатен простор и можност да ги споделите вашите искуства, да научите од колегите, да воспоставите меѓународни врски и да го изградите вашите меѓународно присуство и профил, а тоа е поддржано од организации како Worldskills UK, Фондацијата за образование и обука и АоЦ. 

Останете со нас за да ги прочитате најновите приказни и иновации во секторот и да ја проширите вашата меѓународна професионална мрежа на лидери и наставници во стручните училишта, колеџи и универзитети - или можете да го споделите своето искуство и експертиза со нас, со што вашиот колеџ ќе се популаризира."

Ако сте практичар од стручното образование и сакате да ни раскажете приказна или имате пристап до интересна содржина, слободно стапете во контакт со нас за повеќе информации (VEE@britishcouncil.org)