Вработливост и клучни вештини - Овој месец повторно се фокусираме на тоа да бидеме сигурни дека вештините на учениците одговараат на потребите на работодавачот. Имаме одлични совети на оваа тема, фантастични бесплатни извори во форма на Портфолија за вработливост и Датотеки за напредување, како и фасцинантни студии на случај на ученици кои добиваат практично искуство со звучни компании како што се Кока-Кола и Ројал Мејл. Продолжете да читате за сето ова и повеќе. 

Bештини за вработливост и Датотека за напредување

Пол МекГаригал од Норт Вест Риџнл Колеџ во Северна Ирска има создадено фантастично Портфолио за вештини за вработливост и Датотека за напредување кои нудат јасни упатства за управување и набљудување на преминот на еден ученик во вештините за вработливост.

Вработливост и улогата на технологијата

Оваа обемна студија направена од страна на JISC нуди првично истражување за улогата на технологијата во поддршката на развојот на вештините за вработливост на учениците - вклучува десет одлични студии на случај и комплетно резиме на извештај.

Нашиот комплетно нов Водич за вклучување на работодавачите

Ова упатство го развивме со цел да Ви помогнеме Вам и на други директори на училишта, наставници во стручното образование и работодавачи кои работат ширум Западниот Балкан како да ги најдат најдобрите начини да работат заедно кон понатамошно развивање на образованието.