Саут Ист Риџнл Колеџ (SERC) имаат бројни партнерства со локални компании кои им обезбедуваат на учениците вистински проекти. Работејќи со овие компании, учениците не само што добиваат можност да ги развијат своите вештини за интерперсонални односи, за критичко размислување и за решавање проблеми, туку и компаниите добиваат резултати што може да им помогнат да заштедат пари, да го зголемат производството и обртот, како и можноста да ја развијат идната работна сила.

Еве две одлични студии на случај каде учениците на SERC добија можност да работат со Кока-Кола и Ројал Мејл обезбедувајќи успешни решенија за вистински проблеми.

Кока-Кола ХБЦ Северна Ирска

Цел на проектот 

За да се подобри ефикасноста во искористувањето на водата при процесот на конзервирање, од учениците било побарано да ги искористат своите општи познавања од инженерството и стекнатите вештини за да дојдат до прифатливо решение во врска со контролата на истекот на вода. 

Резиме на проектот  

Работејќи во партнерство со инженерскиот тим на Кока-Кола ХБЦ Северна Ирска, двајцата ученици создале систем кој го исклучува текот на водата кога на лентата нема лименки повеќе од десет секунди, а потоа повторно ја вклучува штом се детектирани лименките. Во програмата бил вграден интелигентен тајмер кој го мерел времето секој пат кога водата била исклучена, на тој начин покажувајќи како би можело да се штеди вода со помош на ова решение.

Проценка на проектот

Кока-Кола ги пофали учениците поради тоа што го измислиле ова иновативно решение: „ Воодушевени сме од квалитетот на работата на учениците и нивната способност да го применат своето знаење во вистинско работно сценарио. Ова искуство ќе им помогне кога ќе конкурираат за работни места во иднина. Значајно е младите луѓе да разберат дека не само нивното знаење, туку и нивните вештини, креативност и став се значајни на работното место.‟ - Мартин Мекнил, Проектен менаџер за електроника во Кока-Кола  

Стекнати вештини 

 

  • учество на состаноци                                                                                                              
  • работа во тим                                                                                                                        
  • практично индустриско искуство                                                                                      
  • вештини за проектен менаџмент.

 

Совет за другите ученици 

Кока-Кола ХБЦ Северна Ирска во моментов развива решение засновано на концептот создаден од страна на двајцата ученици и се надева дека со ова ќе го зголеми заштедата на вода, со што ќе се придонесе кон веќе постоечките процеси на одржливо производство на компанијата.

ADVICE TO OTHER STUDENTS

„Супер е да се добие практично искуство и имав можност теоријата што ја научив во првата година да ја употребам во пракса. Џонатан и јас исто така имавме можност да ги развиеме нашите вештини за проектен менаџмент. Сега ќе продолжам со Повисоката државна диплома за инженерство на SERC следната година и се надевам дека ќе работам на уште еден индустриски проект. ‟ - Џонатан Хамил, ученик

Ројал Мејл

Интелигентни системи за мерење на торби       

Во партнерство со инженерскиот тим на Ројал Мејл, како дел од решението за здравје и безбедност, учениците дизајнирале и создале иновативен систем за мерење, избалансиран со федери, кој се користи за распределување на мали пакети. Иновативниот систем им овозможува на операторите ефикасно да полнат поштенски торби до 11 кг (што претставува безбедна и дозволена тежина) употребувајќи сет интелигентни шипки за товар кои чувствуваат тежина и се дизајнирани да понудат пософистициран метод на мерење тежина, истовремено отстранувајќи го ризикот. Во програмата бил вграден интелигентен сензор кој ја мерел тежината на секоја торба брзо и едноставно, на тој начин сериозно намалувајќи го ризикот од ракување со товарот и исто така резултирајќи во заштеди во поглед на повторување на работата и безбедносните контроли.

Систем за распределување со препознавање на глас   

Како дел од ефикасно решение, учениците Кајл Тарнер и Рори МекКачн развиле уред кој користи систем што се активира на глас и добиле позитивни повратни информации од компанијата. Иновативниот систем им овозможува на операторите ефикасно да распределуваат писма и да го намалат бројот на погрешно прочитани адреси, што оди во прилог на постоечките ефикасни поштенски процеси на компанијата. Младите иноватори дизајнирале и развиле работен прототип на еднократниот систем кој е програмиран да реагира на поединечен глас, препознавајќи влезни команди. Интелигентен систем за препознавање глас бил вграден во програмата со цел да го одреди поштенскиот фах брзо и лесно, на тој начин резултирајќи во заштеди и истовремено намалувајќи го ризикот од грешки.

Резултат од проектот   

Во моментов, Ројал Мејл развиваат решение основано на концептот создаден од учениците и се надеваат дека ова ќе биде дел од нивниот центар за обработка првично во Малуск. Ова ќе ја подобри безбедноста и ефикасноста и ќе донесе заштеди, придонесувајќи кон веќе постоечките ефикасни поштенски процеси на компанијата.

Добиени вештини     

„Воодушевени сме од квалитетот на работата на учениците и нивната способност да го применат своето знаење во вистински работни сценарија, работејќи со строго предодредени буџети, временски рамки и начела за дизајнот. Ова искуство ќе им помогне кога ќе конкурираат за работни места во иднина. Значајно е младите луѓе да разберат дека не само нивното знаење, туку и нивните вештини, креативност и став се значајни на работното место.‟ - Брендан Мериген, SERC

Совет за другите ученици                                 

„Супер беше да се добие можност за работа во Ројал Мејл. Целиот проект беше фантастично искуство за нас и ќе изгледа одлично на нашите CV-а. Исто така, фактот дека добивме награда за нашиот проект ни даде вистинска самодоверба во поглед на нашите инженерски способности. Имавме и можност да ги развиеме нашите вештини за проектен менаџмент што сега пак ќе ни помогнат во нашите студии.‟ - Скот Елиот, ученик 

Тука можете да погледнете кратко видео интервју со Крис Лис, менаџер во Ројал Мејл, за неговите размислувања за проектот и придобивките од работата со учениците од SERC.

Саут Ист Риџнл Колеџ е колеџ за понатамошно образование основан во Северна Ирска и нуди привремени и редовни курсеви. Можете да дознаете повеќе за нивните проекти и за самиот колеџ на нивната веб-страница.