Да се разбере како да се користи технологијата е едноставно, но да се разбере како таа да се интегрира во развојот на ученикот може да претставува клучот за успех. Дали секторот за вештини може да направи повеќе со технологијата за да помогне во развивање на вештините за вработливост на ученикот?

JISC ни дозволија да го споделиме нивниот сериозно сеопфатен извештај за вработливост и улогата на технологијата. Оваа студија нуди првично истражување за улогата на технологијата во поддршка на развојот на вештините за вработливост на ученикот. Има за цел да даде преглед на клучните вештини кои работодавачите ги бараат, како и на можностите кои универзитетите и колеџите ги нудат за да ги обезбедат овие вештини.

  • Можете да пристапите до целиот извештај бесплатно, вклучувајќи ги и овие дополнителни извори:                                                                                                                      
  • резиме на извештајот од 20 страници - Покривајќи ги истите клучни концепти и идеи, овој документ е поедноставување на целиот извештај што може да се користи како брза референца и може да даде општ преглед на проектот.

десет дополнителни образовни студии на случај - десет студии на случај добиени од колеџи и организации во понатамошното образование и секторот за вештини на возрасни, нуди неколку фантастични примери на активности дизајнирани да ги подготват учениците да бидат способни да покажат вработливост во најширокото значење.

Што може да најдете во извештајот?   

Целиот извештај е поделен во поглавја и во секое се разгледува различен заклучок од извештајот и содржи предлози за тоа како практиките може да се подобрат во иднина.                                                                              

Еве ги поглавјата кои може да ги најдете во извештајот, заедно со неколку кратки примери од содржината во поглавјата:

1. Вовед

Ја покрива позадината, целта на студијата, методологијата и резултатите.

2. Студијата одреди четири клучни предизвици

Некои од овие предизвици се:                                                                                                    

  • технологијата е многу малку искористена за вработливост                                      
  • разновидност на ресурси кои даваат поддршка на институциите во користење технологија за вработливост.

3. Институциите користат технологија на пет клучни начини со цел да ја поддржат вработливоста на учениците

Клучните начини вклучуваат дигитални комуникации и вклучување на работодавачите и развој на вештини на вработливост подобрени со технологија.

4. Три начини на кои програмските тимови може да ги подобрат практиките

Советите вклучуваат: Доживотна вработливост во дигиталниот свет треба да биде клучна способност која ученикот ја поседува - учениците се охрабруваат да преземат одговорност уште на самиот почеток.  

5. Нацрт индикатори за добри практики во две клучни области

Добри практики во програмскиот дизајн и достава со цел да се вклучат вработливоста и технологијата во вработливоста.   

6. Институциите може подобро да се подготват за поддршка на добри практики во технологија за вработливост на пет клучни начини

Примерите за подготовка за поддршка на добри практики вклучуваат:                                                                                                  

  • професионален развој на персонал во поглед на вработливоста и технологијата за вработливост                                                                                                                    
  • подобрување на комуникацијата и соработката со цел поттикнување на промени во технологијата за вработливост.

7. Секторските тела може да ги поддржат институциите на шест клучни начини

Овие вклучуваат:                                                                                                                    

  • секторски ресурси - Да се развијат кохеренти секторски ресурси наменети за различни потреби на чинителите кои ги информираат и оспособуваат чинителите да ја развиваат вработливоста на учениците. 
  • колаборативни онлајн секторски простори - Да се развијат колаборативни онлајн простори со цел поддршка на вклучување на секторските чинители.

JISC се непрофитна организација за дигитални услуги и решенија за секторите за високо, понатамошно образование и вештини во Велика Британија. Може да дознаете повеќе за нив и нивната работа на нивната веб-страница.   

 

 

Дополнителни страници